ДЗС: Индекси на цените во земјоделството

23

Индексот на цените во земјоделството во јули 2015 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е намален за 6,4%, а кај аутпутот е зголемен за 3,6%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Во јули 2015 година, во споредба со јули 2014 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 93.2, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 101.2.
Во делот аутпут, во јули 2015 година, во споредба со јули 2014 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 106.8, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 97.8.