ДЗС: Вкупна потрошувачка по видови енергенти во декември 2016

24

Според податоците на Државниот завод за статистика, во декември 2016 година, во Република Македонија, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 840.394 МWh електрична енергија, 46.663 мил. нм3 природен гас, 469.206 тони јаглен и 87.872 тони нафтени продукти.

Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 81,1% во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 95,6% од вкупната потрошувачка на јаглени се употребени за производство на електрична енергија.