Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) воведува програма за кредитирање на проекти за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија во регионот за Западен Балкан, WeBSEFF 2, вреден 75 милиони евра.
Рамката од 75 милиони евра е осмислена да обезбеди кредитни линии на локалните банки во Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија, Косово, Црна Гора и Србија, за понатамошно кредитирање на приватни компании и јавни субјекти. Во првата фаза програмата се воведува во Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија и Србија.
ЕБОР оценува дека земјите од Западен Балкан имаат значителен потенцијал за инвестирање во енергетска ефикасност, но постојат одредени пазарни пречки. WeBSEFF 2 е наменета за решавање на таквите пречки во согласност со целите на земјите искажани во нивните национални акциски планови за енергетска ефикасност.
Програмата е комбинација од неопходно долгорочно финансирање и техничка експертиза.