Од идеја до прототип е насловот на натписот што осамна на веб страната Euronews.com, кој зборува за скопската компанија за печатени плочи со електрични кола – Hi-Tech Corporation.
Во натписот се вели дека на 20-тина километри до Скопје, Македонија, се наоѓа компанијата Hi-Tech, која е специлијаризирана за изработка на печатени плочи со електрични кола, кои се основа на многу електрични апарати за широка употреба.
Понатаму се истакнува во натписот дека иако оваа компанија не е голема, може да изработи еден ваков прототип за два, три дена, а понекогаш дури и за неколку часа.
Да не должиме, погледнете го видеото и видете сами за што станува збор.