Европската унија извезла велосипеди во вредност од 1,03 милијарди евра

37

Според податоците на Евростат, во 2023 година Европската унија извезла велосипеди во вредност од 1,03 милијарди евра (електрични и неелектрични). Што претставува намалување од 10 проценти во однос на 2022 година. Вредноста на увозот изнесува 1,98 милијарди евра, што е намалување за 21 отсто во однос на 2022 година.

Кога во 2020 година пандемијата на корона вирусот го опфати целиот свет, луѓето ширум планетата се свртеа кон поздрав начин на живот, спорт и рекреација. Ова доведе до еден вид бум за многу производители на спортска опрема. А меѓу нив се истакнале производителите на велосипеди, пишува Бизнис рс.

За време на пандемијата, побарувачката за велосипеди е енормно зголемена. Дека во првата година по крајот на пандемијата, таа побарувачка наеднаш ќе се намали за десетици проценти. Според домашните производители на велосипеди, причината за тоа е што има презаситеност на пазарот во целиот свет.

„Во 2023 година ЕУ извезла 293.000 електрични велосипеди, што е за 21 отсто помалку во однос на 2022 година, а увезла 867.000 електрични велосипеди, што е за 27 отсто помалку во однос на претходната година. Во исто време, ЕУ извезла 852.000 неелектрични велосипеди (за 17 отсто помалку во споредба со 2022 година) и увезла 3,5 милиони (пад од 34 отсто во споредба со претходната година)“, според Евростат.

Швајцарија и Велика Британија се водечки извозни дестинации
Во 2023 година, Швајцарија беше главната дестинација за извоз на неелектрични велосипеди од ЕУ (30 проценти од вкупниот извоз во земји кои не се членки на ЕУ). Потоа следат Обединетото Кралство (20 проценти) и Соединетите Американски Држави (шест проценти).

Швајцарија и Велика Британија беа, исто така, главни дестинации за извоз на е-велосипеди (46 проценти и 26 проценти од вкупниот извоз на е-велосипеди надвор од ЕУ, соодветно), а потоа следат САД (10 проценти) и Норвешка (девет проценти).

Од друга страна, во 2023 година, увозот на неелектрични велосипеди од ЕУ беше главно од Тајван, Камбоџа, Кина и Бангладеш. Поголемиот дел од увозот на електрични велосипеди во ЕУ беше од Тајван (59 отсто од вкупниот увоз надвор од ЕУ), потоа од Виетнам (16 отсто), Швајцарија (11 отсто) и Кина (шест отсто).