Финансиски фондови – вистински погодок за добивка од личната заштеда

438

Честопати како штедачи сме соочени со дилемата колкав дел од своите заштеди треба да ги чуваме во готовина, а колкав дел да се орочат. Овој тип на одлука секогаш била тешка да се донесе и секогаш сме биле на линија на едната или на другата страна.

При донесување на одлука треба да се земат неколку работи предвид: готовината не носи никаков принос и ефектот на инфлацијата секоја година влијае на парите кои[to ги чуваме во кеш и им ја намалува нивната вредност.

Откако ќе донесеме одлука колкав дел од нашите приходи ќе ги заштедиме, а колкав дел ќе ги чуваме, следен чекор е пронаоѓање на местото за штедење. Различни банки нудат различни каматни стапки, на соодветен период на вложување и со различни услови, но и фондови кои нудат повлекување на средства кои се веќе орочени. Најчесто при ваквите повлекувања, се губи остварената камата или пак се плаќаат казнени пенали.

Но, постои и друга алтернатива на класичниот пристап на штедење. Во 70-тите години од минатиот век, во САД биле оформени првите отворени инвестициски фондови кои вложувале во краткорочни државни записи и обврзници. Тие се појавиле како одговор на тогашната забрана за исплата на камата на депозити по видување и служеле како супститут на трансакциските сметки.

Набрзо по нивното создавање, тие се здобиле со популарност како лесна алтернатива за инвеститорите да купат различни безбедни инструменти одеднаш, кои истовремено нуделе повисоки приноси од тие во стандардните трансакциски сметки.

Голем дел од инвеститорите ги користат кеш фондовите за менаџирање на нивната готовина и останатите потреби кои може да настанат во краткиот рок. Во изминатиов период, ваков вид на фондови се појавија и во нашата држава.

Со инвестирање на овие средства во вакви фондови се избегнува горенаведениот процес на селектирање на најпогодно место за штедење. Овие средства се реинвестираат автоматски и ќе бидат постојано ликвидни.

Најголемата придобивка од овие фондови е тоа што ќе се остварува атрактивен принос, а нема да се плаќаат влезни или излезни провизии за вадење или повторно вложување на средствата.