Фруктал Mак ланската година ја заврши со 18,5 милиони денари добивка

33

Фабриката Фруктал Мак минатата 2020 година ја заврши со вкупна сеопфатна добивка од 18.596.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

На крајот на 2019 година, компанијата прикажа добивка од 19.575.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, заклучно 31-ви декември 2020 година, изнесуваа 384.452.000 денари, од кои на домашен пазар отпаѓаат 375.353.000 денари, а остатокот од 9.099.000 денари е остварен на пазари во странство.

“Приходите од продажба во најголем дел се приходи кои произлегуваат од продажба на сопствени производи на домашен и странски пазар. Вкупните приходи изнесуваат 384.452.000 денари и бележат намалување од 2%“, стои во Образложението кон финансиските резултати.

Основна дејност на Фруктал Мак е производство на овошни сокови, нектари и пијалаци.

Фото: Pexels