Горење планира да излезе на Варшавската берза

23

berza varsavaСловенечко Горење објави повик за Главно собрание закажано за 23 август. Најзначајна точка на дневниот ред е гласање за зголемување на темелниот капитал. Прво во план е собирање на 9,68 милиони евра со издавање на 2.320.186 нови редовни акции по цена од 4,31 евро по акција. Со оваа докапитализација планиран е влез на Панасоник во сопственичката структура на компанијата. По промената на сопственичката структура, планирано е второ зголемување на капиталот и тоа во вкупен износ од 43,57 милиони евра, со издавање на 10.440.835 редовни акции по цена од 4,31 евра по акција во два круга, пишува иКапитал.

Управата и Надзорниот одбор на компанијата предлагаат листање на акциите на Варшавската берза со цел подобрување на ликвидноста на акциите.