Градежната оператива со помалку работа во странство во периодот јануари – декември 2022

64
Според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот јануари – декември 2022 година, вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 159 800 илјади денари, што е за 5.5 % помалку во споредба со истиот период од претходната година.
Во наведениот период, градежната оператива од Република Северна Македонија во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 151 402 илјади денари, што е за 3.6 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Вредносните податоци за периодот јануари – декември 2022/2021 година се дадени врз база на паритетот 1 САД долар = 54,3736 денари.

Фото: Pexels