Хрватска победи во спорот околу Љубљанска банка

107

Европскиот суд за човекови права објави дека Словенија не може да ја тужи Хрватска во име на Љубљанска банка за повреда на човекови права и се прогласи за ненадлежен за тужба од скоро 430 милиони евра.

Меѓународниот суд ги прифати аргументите на Хрватска и зазема став дека Љубљанска банка не е невладина организација, туку дека е тесно поврзана со државата, па Словенија не може во нејзино име да ја тужи за повреда на човекови права загарантирани со Конвенцијата за заштита на човековите права и основни слободи.

Словенија го покрена спорот во 2016-та година поради повреда на неколку права од Конвенцијата поради начинот на кој хрватската судска и извршна власт постапиле во врска со побарувањата на Љубљанска банка кон хрватските трговски друштва.

Фото: Freepik