Државниот завод за статистика објави дека индексот на прометот во индустријата, вкупно, во мај 2018 година, во однос на мај минатата година изнесува 108,3.
Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во мај годинава, во однос минатиот, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 4,3 %, Капитални производи за 13,0 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 7,1 %, додека опаѓање бележи кај Tрајни производи за широка потрошувачка за 3,1 %.
Индексот на прометот во индустријата, вкупно, во мај 2018 година, во однос на април 2018 година, изнесува 109,8 индексни поени, додека за периодот јануари – мај 2018 година, во однос на истиот од лани, изнесува 110,2.
Според објавените податоци на ДЗС, индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во мај 2018 година, во однос на мај 2017 година, изнесува 98,6.
Ако се споредат главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во мај 2018 година, во однос на мај лани, бележи опаѓање кај Интермедијарни производи, освен енергија за 8,9 % и Tрајни производи за широка потрошувачка за 0,1 %, додека забележан е пораст кај Капитални производи за 8,0 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3,9 %.
Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во мај 2018 година, во однос на април изнесува 106,1, додека за периодот јануари – мај 2018 година споредено со истиот период лани година изнесува 102,1.
Што се однесува до индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во мај 2018 година, споредбено со мај 2017 година, изнесува 111,3.
Споредено по главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во мај 2018 година, во однос на минатиот мај бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 9,3 %, Капитални производи за 13,4 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 9,1 %, додека опаѓање бележи кај Tрајни производи за широка потрошувачка за 4,5 %.
Индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во мај 2018 година, во однос на април 2018 година, изнесува 111,5, додека во периодот јануари – мај 2018 година, во однос на периодот јануари – мај 2017 година, изнесува 112,4.
Фото: Pixabay