Интернешнел хотел за девет месеци прикажа 9,4 милиони денари добивка

22

kontinental-580x377

Интернешнел хотелс во период од први јануари до 30-ти септември оваа година работеше со вкупна сеопфатна добивка во висина од 9.426.000 денари, покажува консолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Истиот период минатата година, компанијата прикажа загуба од 303.000 денари.

“Второто тромесечие се остварени поголеми резултати споредбено со истиот период во претходната година, како резултат на зголемен обем на работа. Со оглед на тоа дека основна дејност на Друштвото е хотелско угостителска дејност, остварени се вкупни 28.752 ноќевања, што е за 29,30% повеќе споредбено со 2015 година кога се остварени 22.236 ноќевања за истиот период“, стои во Коментарот кон билансот на успех.

Вкупните приходи од продажба во деветте месеци од оваа година имаа вредност од 79.959.000 денари, додека истиот период лани изнесдуваа 62.340.000 денари.

Интернешнел хотелс е компанија којашто раководи со хотелот Континентал во Скопје.