Исплатени долгови од времето на Тито, други достасуваат во 2041-ва

74

Србија од државниот буџет исплатила 11 милиони евра по основ на заеми од 70-тите и 80-тите години на минатиот век, пишува српски Блиц.

Станува збор за дел од кредити што поранешна Југославија го позајмила од Парискиот клуб и Светска банка, а чија последна рата достасува во 2041-ва година.

Само овој месец Србија од буџетот ќе исплати повеќе од 85 милиони евра стари кредити. Први доспеаја 75,3 милиони евра по основ на заем од Парискиот клуб, од коишто околу 13 милиони евра се камати, а денеска и кредит од 11 милиони евра што Србија го зела од Светска банка.

Во текот на 70-тите и 80-тите години, СФРЈ се задолжила со вкупно 8,8 милијарди евра. Денес, најголем е долгот кон Парискиот клуб, од околу милијарда евра. На второ место е Светска банка со 700 милиони евра, а се отплаќаат и кредити кон Кина и Кувајт.

Србија, обврските кон кредиторите од периодот на СФРЈ не ги отплатувала од мај 1992-ра до април 2002-ра година. Договорите за нивно регулирање со Парискиот и Лондонскиот клуб, како и со Светска банка се склучени од 2001-ва до 2005-та година.

Од друга страна, Хрватска и Словенија отплатувале кредити што ги земале за време на владеење на Јосип Броз Тито. Последниот долар, како што пренесува Блиц, Хрватите на Парискиот и Лондонскиот клуб го исплатиле пред 11 години.

Фото: Pixabay