Издадени 222 одобренија за градење во мај оваа година

17

Фото: Pixabay

Во мај оваа година се издадени 222 одобренија за градење, што е на исто ниво во однос на истиот месец лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3.983.177.000 денари, што е за 12,9% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 135 (60,8%) се наменети за објекти од високоградба, 37 (16,7%) за објекти од нискоградба и 50 (22,5%) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 222 објекти, на 136 (61,3%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 86 (38,7%) објекти инвеститори се деловни субјекти. Во извештајниот период е предвидена изградба на 463 станови, со вкупна корисна површина од 39.499 метри квадратни.