Извоз 2020 vs 2019: Во САД намален за 13%

36

Во текот на пандемиската 2020 година, САД извезоа производи ширум светот во вредност од 1.431 милијарди долари, што е за 13% помалку во споредба со 2019 година.

Скоро 70% од извозот на САД заврши во овие земји: Канада (17,8%), Мексико (14,9%), Кина (8,7%), Јапонија (4,5%), Велика Британија (4,1%), Германија (4%), Јужна Кореја (3,6%), Холандија (3,2%), Бразил (2,4%), Тајван (2,1%), Франција (2%) и Белгија (1,9%).

Според анализата на World’s top exports, 32,7% од извозот на САД беше насочен кон Северна Америка, 32,4% во Азија, додека Европа учествува со 22,5%.

САД лани извезоа машини, вклучувајќи и компјутери во вредност од 182,6 милијарди долари, што е 12,8% од вкупниот извоз. Меѓу највредните извозни ставки на САД се и: електрична опрема и машинерија (162,9 милијарди долари) и минерални суровини, вклучувајќи и нафта со 155,1 милијарда долари.

Само две од вкупно 10 категории забележаа раст од 2019 до 2020 година, најмногу фармацевтската индустрија со 0,7% раст и благородни метали со пораст од 0,6%.

Фото: Pexels