Југоисточниот регион со најголем удел во креирање бруто додадена вредност во земјоделието

31

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2018 година, во креирањето на бруто додадената вредност во земјоделството, најголемо учество има Југоисточниот регион со 27,5%, потоа Пелагонискиот со 25%, додека најмало учество има Југозападниот регион со 3%.

Во создавањето на вредноста на растителното производство, најголемо учество има Југоисточниот регион со 32,7%, додека во создавањето на вредноста на добиточното производство, најголемо учество има Пелагонискиот регион со 21,4%.

Фото: Pexels