Каде во Скопје најмногу ќе се гради?

76

Градежната офанзива ѝ пркоси на пандемијата, па и во такви услови не запираат мешалките за бетон, крановите, цементот, малтерот, арматурите, градежните работници…

Од вкупно 208 издадени одобренија за градење во ноември, на ниво на цела земја, во скопскиот отпаѓаат 45 дозволи.

Според податоците на Државниот завод за статистика, најмногу дозволи за градење (по 10) имаа Бутел и Центар, а по нив следат: Илинден (осум), Карпош (пет), Петровец (три), Аеродром, Сопиште и Чучер Сандево (по две) и Гази Баба, Сарај и Студеничани (по една).

Во скопскиот регион, според податоците за ноември, предвидена е изградба на 91 стан и тоа најмногу ќе бидат трособни (31), па двособни (27) и еднособни (15).

Од тој 91 стан, најмногу отпаѓаат на Карпош и Центар (по 34), па осум во Бутел и шест во Илинден.

Фото: Freepik