Како банките ѝ одговорија на дигиталната (р)еволуција?

135

Пандемијата го промени банкарството и го забрза развојот на дигитални канали во тој сектор. Во 60% од банките ги затвориле своите филијали или работеле со скратено работно време. Но, многу банки имплементирале нови, целосно дигитализирани процени, како што се отворање на сметки (34%), методи за идентификација и верификација на далечина (23%) и бесконтактно плаќање (18%).

Ова го покажува истражувањето за зрелоста на дигиталното банкарство за 2020 година на Deloitte спроведено во 39 земји и 318 банки.

Проценката на дигиталната зрелост се заснова на три компоненти: споредбена анализа на функционалности, испитување на потребите на корисниците и студија на корисничко искуство.

Тим од над 180 тајни купувачи отвориле сметки и ги оценувале каналите за онлајн и мобилно банкарство на секоја банка за да ја испитаат нивната понуда во однос на повеќе од 1.100 функционалности.

Најдобрите банки што ја спроведуваат дигитализацијата знаат дека корисничкото искуство е клучно за задоволство на клиентите. Вкупно 65% од “шампионите“ во областа на дигитализацијата се наоѓаат меѓу 10% од најдобрите банки.

Фото: Freepik