Катастарот нема да прима барања и да издава податоци утре и в понеделник

13

Поради надградба на електронскиот систем на Катастарот, утре (1 декември) и в понеделник следната недела (7 декември), нема да се примаат барања и да се издаваат податоци преку електронскиот шалтер, шалтерите во скопскиот Центар за катастар на недвижност и во одделенијата за катастар на недвижности низ државата, пишува Миа.

Агенцијата за катастар на недвижности, следејќи ги модерните трендови и современите информатички технологии, соопшти дека ќе изврши надградба на својот електронски систем со нови хардверски решенија кои се последен збор на технологијата.

“По надградбите на електронскиот систем и хардвер, катастарот ќе ги подобри своите капацитети за реализација на идните проекти, ќе се зголеми безбедноста на податоците и ќе се подобри брзината на решавањето на предметите и издавањето на податоците“, велат од Агенцијата за катастар на недвижности.