Купувачите сакаат да видат расположени и учтиви лица.
Ефикасни состаноци се оние каде што имате неколку луѓе кои не размислуваат како останатите и сакаат и другите да ги погледнат работите од малку поинаков агол.
Секогаш кога продуктивноста на работното место е зголемена потенцирајте дека тоа во голема мера се должи на отворената комуникација и соработка на целиот тим.
Подобро е да научите да ги прифаќате работите онакви какви што се, отколку да имате нереални очекувања. Животот понекогаш може да ве изненади.
Успехот во голема мера е процес што трае подолго или пократко. Сепак, за да умееме да го кажеме што е за нас успех, треба прво да знаеме што нè прави среќни и задоволни.
Ништо не ја убива продуктивноста како дефокусирањето додека работите, а ако работите од дома, пријателите и семејството честопати се случува да ви го одвлечат вниманието.
За да изградите успешен бизнис, потребна ви е здрава доза на его. Една од навиките што е најтешко да се елиминираат е верувањето дека сте подобри од она што навистина сте.
Немојте веднаш да ја преземате работата во свои раце, оставете малку да се потрудат сами.
Дали го имате тоа што е потребно за да издржите во тешките ситуации, да се справите со емоциите, да се радувате на туѓата среќа, да не барате дозвола од никој?
Лошо менаџирање на времето може да предизвика стрес. Но, ако добро испланирате пред време и не се преоптоварувате, ќе бидете посмирени и поефикасни.
Кога нешто ви е премногу важно, направете го дури и ако шансите за успех не се на ваша страна.
Успехот е начин да се научи и од постигнувањата и од неуспесите со цел да се продолжи напред без разлика на околностите.
Фрустрирачки е кога ќе видите дека конкуренцијата ве копира. Сепак, многу е важно во тој момент да изиграте паметно, да ја искористите ситуацијата и да не дозволите тоа да ве извади од колосек.
Ако направам некоја грешка или она што го правам нема ефект, сакам лично да ми го кажете тоа. Бидете искрени во комуникацијата зошто така учиме едни од други.
Најспособните најчесто се оптоварени повеќе од што можат да поднесат и ако тоа продолжи да се повторува, без никаков надомест или признание, ултимативно води до нивно откажување од работата.
Во животот учиме постојано, некогаш намерно, некогаш случајно. Знаењето ни помага во многу ситуации, но додека да ја научиме посакуваната лекција треба да поминеме низ процес на помнење.
Веќе подолго време вашите замисли не се совпаѓаат со начинот на работење во компанијата. Сепак, ако не сте уверени дали треба истата да ја напуштите и да започнете нешто сами, овие неколку мали совети ќе ви помогнат во одлуката.

Ако компанијата постојано ги менува вработените, најверојатно нешто не е во ред со нејзиното функционирање.
На крајот на краиштата, човечките особини се најважни од сè, човек без интегритет не може да стигне далеку и уште помалку да освои симпатии од инвеститори.
Дозволете си мали награди за секој испочитуван рок или добро сработена работа.
Клучната работа на лидерот е да влее доверба и да го поткрене моралот кај тимот кога ќе дојдат неизвесни времиња.
Без разлика колку и да сте се рекламирале пред публиката, луѓето нема да ви веруваат сè додека не слушнат за вас од други.
Кога замислувате дека сте моќни, поголеми се шансите навистина да се чувствувате така.
Сè се сведува на тоа што сте: откажувач или победник. Некој што се откажува лесно или некој што не запира сè додека не го оствари замисленото. Ваше е да одберете по што сакате да бидете запаметени.