Италијанскиот суд и наложи на модната куќа Dolce & Gabbana да плати казна од 343 милиони евра плус камати, поради затајување на данок.
Тоа во пракса значи дека дека секој луксузен автомобил со старост до пет години кој чини меѓу 126.000 и 252.000 евра, ќе биде дополнително оданочуван секоја година.
Белгиските производители на чоколада сметаат дека нивните познати пралини треба да бидат подеднакво заштитени како францускиот шампањ или италијанскиот пршут.
Филијалата на компанијата Нестле во Германија мора да плати казна од 20 милиони евра поради споделување на чувствителни информации.
Турција ги раскина енергетските проекти со италијанската компанија Ени поради вклученост на оваа компанија во истражување на нафта и гас во кипарските води.
Францускиот производител на автомобилски гуми Мишелин објави дека ја затвора својата филијала во Грција и се префрла во нов административен центар во Букурешт, Романија.
Австриската компанија Ред Бул ја уценуваат непознати лица, кои се закануваат дека со фекални бактерии ќе ги загадат лименките на рафтовите во продавниците, доколку не им биде исплатена одредена сума на пари.
Турскиот млекопреработувач Суташ го презеде вториот чекор за ширење на Балканот и купи фабрика во Романија, која веројатно ќе ја употреби како регионална база за влез на европскиот пазар.
Германските антимонополски власти покренаа истрага против неколку пивари поради наводно договорено местење на цените на пивото.
Со постигнатиот договор се предвидува затворање на втората најголема кипарска банка Лаики, а депозитите помали од 100.000 евра ќе бидат пренесени во Банката на Кипар и би се создала т.н. “добра банка”
Германската авиокомпанија Луфтханза денеска откажа преку 670 летови, главно на европски дестинации, поради предупредувачки штрајк на аеродромскиот персонал, пред преговорите со управата околу платите.
Новата Škoda Rapid се закити со престижната светска награда Red Dot за исклучителен дизајн на производот.
Германскиот произведувач на автомобили BMW планира да гради нови фабрики, а во игра за привлекување на тие инвестиции се Чешка, Словачка, Унгарија, Словенија и Хрватска, пишува словачкиот весник Hospodarske Noviny.
Државните службеници во Швајцарија во иднина сами ќе си ги чистат канцелариите и ќе го фрлаат и сортираат ѓубрето за рециклирање. Властите на Женевскиот кантон објасниле дека одлуката е донесена поради штедење.
Новата Škoda Octavia беше наградена со пет ѕвезди на Euro NCAP тестот за високиот степен на безбедност.
Економската криза во Европа го сврте подземјето кон нови облици на илегални актовности, од фалсификување храна и лекови до забранета трговија со отпад и кражби на енергетскиот пазар, објави Европол.
Кипарскиот Парламент вчера го отфрли предлогот на еврозоната и ММФ за оданочување на банкарските депозити во замена за 10 милијарди евра помош.
Францускиот регулатор Arcep објави дека го информирал правосудството за можен пропуст на комуникацискиот софтвер Скајп да ја исполни својата обврска да се пријави како комуникациски оператор во Франција
Банките на Кипар ќе останат затворени до четврток за да се избегне создавање на големи редови пред шалтерите во банките, како и масовно подигнување на штедните влогови од страна на граѓаните.
Француската група Данон соопшти дека се повлечени некои млечни производи од романскиот пазар. Причина за тоа е што во млекото на еден од добавувачите во оваа земја е откриено повисоко ниво на афлатоксин од дозволеното.
Ситуацијата во Кипар утрово предизвика остар пад на цената на акциите на европските берзи, особено во банкарскиот сектор, затоа што радикалниот план на Европската унија за спасување на оваа земја ги наведе инвеститорите да се повлечат од пазарот.
Новиот модел Škoda Octavia Combi не само што е значително поголем од својот претходник, тој поставува и нови стандарди во споредба со веќе постоечките модели од сегментот.
Германскиот канцелар Ангела Меркел најави дека акционерите ќе добијат поголема улога во одлучувањето за наградување на менаџерите. Сега акционерите имаат само советодавна улога при одлучување за наградите на менаџерите.
Дојче Телеком е во потрага ширум целиот свет, по сјајни идеи во пет категории: Поврзан дом, Услуги за комуникација, Енергија, Виртуелна платформа, Cloud computing.