Врховниот суд во Париз им забрани на француските продавници на американската компанија Apple да работат ноќе, по 21 часот.
Францускиот Orange и британски Vodafonе ќе инвестираат до една милијарда евра во заедничка оптичка мрежа во Шпанија која ќе донесе ултрабрз интернет во шест милиони домови, објавија операторите.
Европската комисија им се закани на банкарите во Хипо група и на Австрија дека ќе наложи нејзино затворање, доколку надлежните органи во Виена итно не поднесат во Брисел план за реструктуирање на презадолжената банкарска групација.
Италијанскиот министер за труд Корадо Пасера ја критикуваше одлуката на јапонската компанија Bridgestone да ја затвори фабриката во јужна Италија и ја оцени како “сериозна и без причина”.
Шведскиот произведувач на автомобили Волво најави посебен уред на своите возила кој ќе ги детектира велосипедистите. Во случај кога ќе се детектира опасност од судар, ќе се огласи аларм кој ќе ги активира кочниците на автомобилот.
Откако минатата година оваа компанија забележа големи загуби и континуирано го губи уделот на пазарот на смартфони од конкурентите Samsung и Apple, неговите вкупни примања се намалени за 45%.
Регулаторното тело на Европската унија за пазарна конкуренција го казни Мајкрософт со 561 милиони евра поради кршење на договорот да им се овозможи на потрошувачите во Европа да изберат кој пребарувач ќе го користат.
Управата на американскиот Marriott извести дека овој ланец хотели се здружува со шведскиот произведувач на мебел Икеа, со кој во неколку европски земји ќе отвори ланец нискобуџетни хотели под името Moxy.
Новиот Golf 7 се закити со престижната титула Европски автомобил на годината за 2013, откако освои најмногу гласови од жирито составено од 58 автомобилски новинари од 22 европски земји.
Новиот Mercedes CLA денеска премиерно е прикажан на европски саем за автомобили во Женева.
Швајцарците на референдум одлучија да ги ограничат платите и отпремнините на менаџерите во компаниите кои котираат на берзата.
ИКЕА, шведскиот гигант во производство на мебел, е последна во низата компании вмешани во скандалот со коњско месо.
Фармите се под сомнение дека ги прекршиле прописите на ЕУ за чување на кокошки носилки, затоа што ги чувале во премали кафези.
Естонија прва во Европа воведе бесплатен јавен превоз, а сега на своите граѓани ќе им понуди и бесплатно брзо полнење на батериите на електричните автомобили.
Шкода ја промовираше GreenFuture стратегијата за животна средина, чија цел е да се подобри одржливоста на компанијата. Фокусот на стратегијата е производство на енергетски ефикасни возила и промовирање на поефикасна употреба на ресурсите во рамките на компанијата.
Компанијата објави план за намалување на трошоците во чии рамки ќе укине околу 900 работни места на челните позиции и во управите, односно во менаџментот и администрацијата во повеќе од 26 европски земји.
Швајцарската компанија Nestle, најголемата прехранбена компанија во светот ги повлекува тестенините со говедско месо од продажба во Шпанија и Италија откако анализите утврдија присуство на коњско месо во нив, објави Financial Times.
Мали плати, лошо сместување – такви се условите за работа на сезонските работници кои во Германија работат за големата трговска компанија Амазон, пишува Дојче Веле.
Германскиот спортски бренд Пума, во сопственост на PPR Group (матичната компанија на Gucci, Bottega Veneta, Brioni) соопшти дека бележи пад од 69,5% на нето - добивката за 2012.
Рускиот претседател Владимир Путин поднесе предлог закон до Парламентот со кој на функционерите им се забранува поседување на банкарски сметки и имот во странство.
Турција мора да го прифати еврото како своја национална валута ако се приклучи на Европската унија и ги исполни потребните услови, изјави еврокомесарот Штефан Филе.
Германското обвинителство соопшти дека ја проширува истрагата за наводни манипулации со берзански акции на германскиот произведувач на спортски автомобили Порше.
Се очекува 2013 година, со 11,6 милиони продадени автомобили да биде најлоша година за продажба во Западна Европа по 1993 година.
Германскиот “направи сам” (do it yourself) синџир Практикер АГ ги затвора своите продавници во Турција и се повлекува од земјата.