Од утре, 8 мај, во сите Телеком продавници низ Македонија ќе може да се најде најновото иновативно комуникациско решение на пазарот – последниот модел на паметниот телефон Samsung GALAXY S4.
Неколку заинтересирани компании веќе најавија дека ќе ја посетат Македонија во летниот период за да ги проверат условите и информациите кои ги презентираа Македонските претставници.
Македонска Берза АД Скопје, Комисија за хартии од вредност на Република Македонија и Централен депозитар за хартии од вредност АД Скопје на 9 мај во хотелот Александар Палас во Скопје ќе организираат заедничка Конференција на македонскиот пазар на хартии од вредност 2013.
Министерот за економија Ваљон Сарачини викендов во Струга оствари работна средба со градоначалникот Зијадин Села на која беше претставена владината програма за поддршка на општините.
Aвио компанијаta Wizz air воспостави директен лет од аеродромот Александар Велики во Скопје до аеродромот Скавства во Стокхолм. Директната линија е предвидено да сообраќа два пати неделно, секој понеделник и петок.
Со новите предлог-измени и дополнувања, се предвидува за тераси на објекти со намена домување во станбени згради и за тераси на згради, кои се пренаменети во станбен простор, да се пресметува надоместок во висина од 61 денар по метар квадратен.
Годинава цените на мало во април споредено со претходниот месец бележат пораст од 0,9 %, а трошоците на живот за 1,3%
Министерството за здравство додели 28 лиценци за отворање аптеки на руралните области во државава.
Алкохолните пијалоци во трговските објекти од вчера почнаа да се продаваат до 21 часот, наместо наместо до 19.
Градоначалникот на Дојран, Борче Стамов денес одржа информативна средба со приватните издавачи на легла, со цел да се запознаат со новиот систем за категоризација кој годинава ќе се воведе за прв пат.
Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески изрази задоволство од подготвеноста на компанијата Аткинс, како главен проектанат на луксузниот хотелски комплекс Сахарјан Македонија, да се прифатат сите забелешки и критериуми што од нив ќе ги побараат македонските власти.
Мартин Тимов, Ташо Ќосев, Александар Тасески и Александар Спасески се младите инженери кои се пласираа во финалето на БЕСТ инженерскиот натпревар и го докажаа квалитетот на високото образование во Македонија.
Неодамнешната спроведената техничка контрола покажа дека сите бродови регистрирани во Капетанијата на пристаништа во Охрид се исправни за пловидба.
Државниот завод за статистика вчера соопшти дека индексот на индустриското производство во Македонија во март се зголемил за 4,2% во однос на истиот период минатата година.
Десет воздухопловни организации од Југоисточна Европа, вчера во Сараево потпишаа писмо со намери за заедничко давање услуги на земјите од регионот, под покровителство на Советот за регионална соработка.
Телекомуникацискиот оператор Оne, во пресрет на престојната дигитализација, започнува со продажба на дигитални приемници (set top box), за прием на дигитален телевизиски сигнал, кои ќе можат да се најдат во сите продажни салони на Оne низ земјата по цена од само 990 денари.
За сите страсни љубители на фудбалот, MaxTV подготви вистинско изненадување. Ексклузивно, фудбалските фанови ќе имаат можност да станат MaxTV репортери и на 25 мај да известуваат за атмосферата од финалето на Лигата на Шампиони директно од стадионот Вембли во Лондон.
SunWireless потпиша договор со хотел Гранит, Охрид, каде ќе биде овозможен првокласен сервис на безжичен интернет од овој Wi-Fi провајдер.
При вчерашната посета на владината делегација предводена од премиерот Никола Груевски на болницата Ангелос во Мексико Сити, договорена е соработка помеѓу македонското здравство и мексиканската здравствена групација.
Познатото македонско црвено вино Т'га за југ годинава слави 40 години од своето постоење на пазарот. По тој повод амбалажата на виното, кое во себе ја содржи автентичната македонска винска приказна, ќе добие нов изглед .
Од Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија велат дека главниот резултат на овој процес е дефинирањето на пет пазари со најголем извозен потенцијал за македонските производители.
Во рамките на 8-от Светски коморски конгрес во Доха, Катар Сојузот на стопански комори ја прошири својата мрежа за соработка со Стопанските комори од целиот свет.
Од 1 јуни Македонија ќе биде прва држава во регионот која ќе издава одобренија по електронски пат, а граѓаните ќе добијат поедноставни и побрзи услуги. Со новиот систем се овозможува и трето лице да може да поднесе барање во име на барателот на одобрението.
Фабриката на ArcelorMittal Скопје, вчера го одбележа Денот на здравјето и безбедноста.