Соработката меѓу овие две институции ќе биде насочена и ќе придонесе за отворање на вратите од компаниите кои се членки на Одборот на Старатели на М6 Едукативниот центар или компании кои се во мрежата на М6.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јануари 2021 година, во однос на јануари 2020 година, бележи опаѓање од 34,3%
Активното население, во последните три месеци од минатата година, беше 941.524 лица, од кои 789.552 се вработени, а 151.972 се невработени.
TomTom е холандска компанија која се занимава со развој и креирање на локациска технологија, а за нас најпознат е по своите навигациски системи за автомобилската индустрија.
Во рамки на овој закон, чија примена се очекува од почетокот на следната година, се предвидува и воведување платежна сметка со основни функции, која ќе може да ја отвори секој граѓанин.
Поради големото задоволство од ваков начин на брзо и едноставно плаќање, Халкбанк ги почести своите корисници со наградна игра за вистинска Шопинг победа.
Акционерите на Алкалоид ќе добијат дивиденда за 2020 година во висина од 360 денари нето, односно 400 денари бруто за акција
Предупредува дека постои голема веројатност дека ќе се повтори крахот од минатата година доколку не се преземат неколку чекори.
Истиот период претходната година, добивката на компанијата беше 133.930.000 денари.
Народната банка продолжува со натамошен развој на статистиката на финансиските сметки, согласно со заложбите за постојано усогласување со највисоките меѓународни и статистички стандарди на Европската Унија.
Важен e секој еден граѓанин, како и дека во овој кризен период Владата направи сериозни напори за зачувување на работните места во сите дејности.
Истовремено, Македонската банкарска асоцијација апелира до политичките структури и сите други субјекти во земјава да се воздржат од какви било неиздржани и непроверени коментари, оценки и квалификации за состојбите во банкарскиот сектор, а особено да избегнуваат политички маркетинг на сметка на банките и штедилниците и интересите на сите нивни клиенти – граѓани и компании, како и на нивните акционери. 
Жените претставуваат околу половина од популацијата во светот. Врз основа на овој податок, би требало да се очекува дека половина од придобивките на развојниот...
Таа оствари 90,9 милиони евра добивка пред оданочување (индекс 90) и зголемен обем на осигурителната премија во износ од 1.233,8 милиони евра (индекс 104).
Заедно со преземените обврски и отплата на обврските кои достасуваат, проекциите на Министерството за финансии покажуваат дека државниот долг на крајот на годината ќе изнесува 53,2%, додека јавниот 63,4%.
Изградбата на далекуводот Штип - Овче Поле, е само дел од инвестицискиот циклус за ревитализација на електро-преносната мрежа на Република Северна Македонија.
Монетарната политика и натаму ќе биде олабавена како поддршка во процесот на закрепнување на економијата и одржување на кредитниот циклус, а во услови на комфорно ниво на девизните резерви.
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, придружуван од Јован Деспотовски, директор на Дирекцијата за ТИРЗ, се сретна со раководството на италијанската...
Со овој Закон се уредуваат видовите, висината, условите, начинот и постапката за доделување на финансиска поддршка на инвестициите на деловните субјекти кои ќе инвестираат во Република Северна Македонијa и претставува шема на помош согласно прописите за контрола на државна помош.
Сѐ што треба да знаете за развојот на ИКТ индустријата во Македонија: Каде сме на мапата глобални трендови за професиите на иднината, кои професии ќе бидат во раст, а кои во опаѓање, колкави се проекциите за раст на платите во ИТ секторот и како да се одговори на дефицитот на квалификувани кадри?
Инаку, земјава претходно има седум пати излезено на меѓународниот пазар на капитал со еврообврзници: во 2005 година со камата од 4,625%, во 2009 со камата од 9,875%, во 2014 со камата од 3,975%, во 2015 со камата од 4,875%, во 2015 година со камата од 5,625%, во 2018 година со камата 2,75% и 2020 со камата од 3,675%.
Од особена важност при унапредувањето на граничните премини се пристапните патишта кои се услов за непречен проток на стока и патници, а се во надлежност на Министерство за транспорт и врски.
Со оваа препорака Агенцијата  им сугерира на компаниите кои лани работеле профитабилно вкупната добивка од 417 милиони денари (на ниво на осигурителна индустрија) да ја пренесат во  капиталот и резервите на друштвата.