Во однос на претходниот месец, кога девизните резерви се позиционираа на ниво од 3.267.100.000 евра, тоа е намалување за 25,6 милиони евра.
На иницијатива на Народната банка ќе се подготвува Национална стратегија за поддршка на развојот на финтек-секторот кај нас.
Членовите на семејството стекнуваат право на семејна пензија по исполнување на општи и посебни услови.
Поголемиот дел или 71 од одобрените кредити се однесуваат за купување станови, а остатокот од 26 кредити се за куќи.
Повратот од 15% од ДДВ се префрла на сметките на граѓаните кои се корисници на апликацијата МојДДВ за првото тримесечје, односно за месеците јули, август и септември 2019 година.
Извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 8,4%, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 10,9%.
Активното население, во третиот квартал оваа година, изнесува 964.248 лица. Од нив, вработени се 799.546, а бројот на невработени е 164.702.
Над 667% е разликата меѓу исплатената просечна месечна нето плата. Во Скопје таа е околу 388 евра, а во исландската престолнина 2.985 евра.
Подобрување на продуктивноста на земјоделското производство, отпорност кон климатските промени, како и креирање на информирани земјоделски политики е сега полесно благодарение на воспоставувањето на национални агро-еколошки зони и агро-еколошки информативен систем.
Точки на интерес за турските посетители остануваат културата, традицијата, историјата, Охрид, Скопје и сè повеќе Националните паркови.
Возачите кои не ги почитуваат насоките за користење на зимската опрема се соочуваат со глоба од 45 евра во денарска противвредност и 25 негативни бодови во возачката книшка.
Со шуми се зафатени околу 950.594 хектари или 37% од вкупната копнена површина на земјата.
Од утре почнува саемот Купи куќа, купи стан и ќе трае до осми декември.
Работите на депозитарна банка што банката ги врши за друштвото за управување треба да бидат одвоени од другите работи.
Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – октомври 2019 година, изнесува 77,4 %.
Цените на угостителските услуги во ноември оваа година, во споредба со претходниот месец, останаа на исто ниво.
Жителите на нашата земја во 2017 година, 0,6 пати посетиле стоматолог.
Во земјава сè уште не се оданочуваат каматите од депозитите. Со последните промени се одложи оданочувањето до 2022 година, кое требаше да стартува од први јануари 2020 година.
Акциите на Комерцијална банка, Макпетрол и Алкалоид се трите најтргувани на официјалниот пазар на Македонска берза.
Еден вработен во нашиот главен град во просек примил нето плата од 388 евра, а во Сингапур 2.985 евра.
Над 169% има разлика во просечната месечна нето плата во двата града. Па така, во просек вработен во Скопје има нето плата од 388 евра, а во Братислава 1.047 евра.
Овој систем коридори на популарно нареченото автобуско метро ќе овозможи траса којашто е физички издвоена од останатите учесници во сообраќајот со што се обезбедува многу побрз и побезбеден транспорт.
Најголем дел од поддршката на Министерството за економија е во делот на енергетиката.
Еден вработен во Адис Абеба има просечна нето плата од 136 евра, односно 64% помалку од кај нас (388 евра).











