Комерцијална банка информира дека се прекинати почетните разговори и натамошното стекнување на информации.
Билет во еден правец со локален транспорт во Скопје чини 0,57 евра, а во Келн за 428% повеќе или 3 евра.
Низ 45-дневниот период, 15 студенти од Академија за графички дизајн и Академија за веб дизајн на Creative Hub заедно со пет студенти од ФЕИТ работеа на редизајнирање на понудата на пет македонски компании коишто произведуваат македонски производи.
Еден литар Еуросупер БС – 95 ќе биде 67 денари, а новата цена на Еуросупер БС – 98 ќе изнесува 69 денари за еден литар.
Продажните цени на производителите на индустриски производи, во октомври, се пониски за 0,4% на месечно ниво, а се повисоки за 4,6% на годишно ниво.
Во сабота на 14 декември од страна на јавниот сектор ќе се спроведе акција за чистење на животната средина Администрацијата чисти со Не биди ѓубре, со цел подигање на свеста за почиста околина.
Трошоците на живот во ноември оваа година, во однос на претходниот месец, се намалени за 0,1%, а кај цените на мало има пад од 0,6%
Во октомври оваа година се издадени 308 одобренија за градење, што е за 11,6% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Работникот има право на регрес за годишен одмор во висина од најмалку 40% од основицата, под услов работникот да работел најмалку шест месеци во календарската година кај ист работодавач.
Еден просечен Кубанец зема нето плата од 27,60 евра или 92% помалку одошто кај нас (389 евра).
Негувајќи ги заложбите за општествена одговорност, тимот на Државна видеолотарија денеска во хумана мисија. Во просториите на Даре Џамбаз, реализирана е крводарителска акција којашто ја поддржаа неколку јавни личности.
Во однос на претходниот месец, кога девизните резерви се позиционираа на ниво од 3.267.100.000 евра, тоа е намалување за 25,6 милиони евра.
На иницијатива на Народната банка ќе се подготвува Национална стратегија за поддршка на развојот на финтек-секторот кај нас.
Членовите на семејството стекнуваат право на семејна пензија по исполнување на општи и посебни услови.
Поголемиот дел или 71 од одобрените кредити се однесуваат за купување станови, а остатокот од 26 кредити се за куќи.
Повратот од 15% од ДДВ се префрла на сметките на граѓаните кои се корисници на апликацијата МојДДВ за првото тримесечје, односно за месеците јули, август и септември 2019 година.
Извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 8,4%, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 10,9%.
Активното население, во третиот квартал оваа година, изнесува 964.248 лица. Од нив, вработени се 799.546, а бројот на невработени е 164.702.
Над 667% е разликата меѓу исплатената просечна месечна нето плата. Во Скопје таа е околу 388 евра, а во исландската престолнина 2.985 евра.
Подобрување на продуктивноста на земјоделското производство, отпорност кон климатските промени, како и креирање на информирани земјоделски политики е сега полесно благодарение на воспоставувањето на национални агро-еколошки зони и агро-еколошки информативен систем.
Точки на интерес за турските посетители остануваат културата, традицијата, историјата, Охрид, Скопје и сè повеќе Националните паркови.
Возачите кои не ги почитуваат насоките за користење на зимската опрема се соочуваат со глоба од 45 евра во денарска противвредност и 25 негативни бодови во возачката книшка.
Со шуми се зафатени околу 950.594 хектари или 37% од вкупната копнена површина на земјата.
Од утре почнува саемот Купи куќа, купи стан и ќе трае до осми декември.











