Индикаторот на доверба во трговијата на мало во второто тримесечје од 2019 година е за 0,2 процентни поени понизок во однос на претходното тримесечје, а e зголемен за 0,4 процентни поени во однос на истото тримесечје од 2018 година.
Просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во мај оваа година, изнесуваше 25.270 денари, додека во бруто износ е 37.520 денари.
Вкупните кредити, овој месец, се зголемија за 0,7% на месечно ниво, што произлегува од зголеменото кредитирање на секторот “домаќинства“.
Алгоритам што користи сензорски податоци за да препознае човечки активности и да детектира паѓање обезбеди прво место за тимот на ФЕИТ на меѓународниот натпревар Challenge UP: Multimodal Fall Detection.
Покрај засилените контроли во туристичките центри, АХВ спроведува зајакнати контроли и во малопродажните објекти во сите населени места, како и во местата каде се одржуваат манифестации на отворено и каде се подготвува и послужува храна.
На конференцијата посетителите ќе имаат прилика да ги слушнат актуелните маркетинг алатки за позиционирање на нивната е-продавница, како и теми врзани со SEO (оптимизација на алатките за пребарување), креирање атрактивна содржина, генерирање на лидови, одлично корисничко искуство и многу други алатки кои влијаат на зголемување на продажбата.
Реализираните приходи во државниот буџет во 2018 година се за 8,8 милијарди денари повисоки во однос на претходната 2017 година или за 5% повисоки, додека буџетскиот дефицит е помал од проектираниот и изнесува 1,8% од БДП.
Според оценката на раководителите на деловните субјекти од областа на градежништвото, индикаторот на доверба во второто тримесечје од 2019 година е повисок за 0,2 процентни поени во однос на првото тримесечје од 2019 година.
Исплатата на камата ќе се изврши на 22.07.2019 година.
Потребно е инвеститорите темелно да се информираат за карактеристиките на финансискиот инструмент преку увид и анализа на проспектот за котација, како и преку следење на сите известувањa.
Жителите на Данска, Швајцарија, Финска, Австралија и Исланд водат најквалитетен живот.
Апликацијата МојДДВ досега ја презеле 140.000 граѓани, скенирани се 2,9 милиони фискални сметки, остварен е промет од 1,5 милијарди денари, додека повратот од 15% од пресметаниот ДДВ е на ниво од 25,3 милиони денари.
За сите физички лица, корисници на услугата електронска банка, кои имаат опција за плаќање, банката овозможи побрза и поедноставна постапка преку online аплицирањето.
Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во јуни 2019 година изнесува 69,9% од нормалното искористување.
Дводневното конференциско издание беше посветено на пазарот на трудот и демографските предизвици, иднината на работната сила и политиките коишто се потребни за одржлив економски раст и достигнување на нивоата на доход во развиените земји од Западна Европа.
Во првиот јавен повик беа пристигнати 3.472 барања од граѓаните за субвенционирање на купувањето велосипед, додека со вториот пристигнаа над 670 барања.
Постапката за членување за компаниите е едноставна, се внесува е-поштата, на регистрационата страна се пополнуваат основни податоци за стартап компанијата и со тоа влегуваат во единствениот регистар на стартап компании во земјава.
Цените во земјоделството во јуни 2019 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е намален за 0.8 %, а кај аутпутот е на исто ниво.
Се отвора нова страница во финансиските навики, а берзата паралелно создава инкубатор од кој на среден рок можат да се појават нови котирани компании на Берзата што е најголем развоен предизвик.
Бензините поскапуваат за 1,50 денари, па така литар Еуросупер БС – 95 ќе чини 70,50 денари, а новата цена на Еуросупер БС – 98 ќе биде 72,50 денари. Дизелот поскапува за еден денар, па неговата нова цена ќе биде 62 денари за литар.
Преку 12 милијарди денари или 196 милиони евра се инјектирани во стопанството во првата половина од годинава, преку поврат на ДДВ кон фирмите.
Со акциите на Комерцијална банка се направени 1.770 трансакции и е остварен промет од 468,3 милиони денари.
Фонд за иновации и технолошки развој (ФИТР) и Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) потпишаа Меморандум за соработка којшто ќе опфати покренување на...
Netflix, еден од најпопуларните стриминг сервиси во светот, има пазарна вредност од 166,3 милијарди долари, што е повеќе од вредноста на бруто домашниот производ на пет земји на Балканот.











