Со четири специјално опремени комбиња, даночниците секој месец ги посетуваат населените места каде Управата нема постојани даночни канцеларии.
Условите коишто граѓаните треба да ги исполнат за враќање на дел од платениот ДДВ, се да имаат навршени 15 години, да поседуваат документ за идентификација и своја трансакциска сметка и да се регистрирани на системот на УЈП, Е-ПДД.
Ова случување планирано е да обедини над 150 учесници од најразлични профили професионалци од сферата на туризмот, претставници на невладиниот сектор, локалната самоуправа, бизнис секторот, како и од медиумите.
Граѓаните од денеска при секое патување во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора ќе можат да користат интернет, да испраќаат СМС пораки да добиваат повици и примаат повици за цени пониски дури и до 99%.
Пеева Лауренчиќ минатата година иницираше неколку проекти од јавен интерес, а беше иницијатор и координатор на Регионалната конференција на Сојузот на Ротари клубови на РСМ – Националната економија во пресрет на ЕУ.
Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска - Бежоска учествуваше на Годишната конференција и на Годишното генерално собрание на Банката за меѓународни порамнувања (БИС).
Стандардизацијата на производството и имплементирање на принципите, позитивно се одразуваат врз производството, стекнувањето доверба од потрошувачите и на подобрата позиционираност на пазарот.
Еден литар Еуросупер БС – 95 поскапува за 1,50 денари и ќе се продава по 68,50 денари. За еден денар поскапува Еуросупер БС – 98 и ќе чини 70,50 денари. За исто толку поскапува и дизелот Еуродизел (Д-Е V) и ќе се продава по 61,50 денари за еден литар.
Awsome претставува интеграција на cloud провајдери со chat апликации за тимови кои најмногу се користат во компаниите за комуникација помеѓу вработените.
Преку апликацијата МојДДВ ќе можат да го скенираат бар кодот од фискалните сметки и да го остварат правото на поврат на 15% од износот на платениот ДДВ.
Од денеска поевтинува роамингот меѓу жителите на Северна Македонија, Србија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово.
Во првата петорка најмирољубиви земји во светот се: Исланд, Нов Зеланд, Португалија, Австрија и Данска, додека на дното се овие пет земји: Ирак, Јемен, Јужен Судан, Сирија и Авганистан.
Бројот на работници во индустријата, во мај оваа година во однос на истиот период лани, е намален за 2,5%.
Деловните субјекти што се занимаваат со градежна дејност, во текот на минатата година, потрошиле градежни материјали и енергија во вредност од 9.169.835.000 денари, што е за 5,5% помалку во однос на претходната година.
Следната сесија на Клубот на истражувачите ќе се одржи во септември годинава.
Од овие компании, 207 се микро, 221 мали, а 27средни. 56% од компаниите се регистрирани во главниот град, додека останатите се распоредени низ 30 општини од целата земја.
Виното како мост за поврзување на Западен Балкан е новиот проект во чии рамки ќе се поврзуваат земјите од регионот во насока на промоција на Балканот како вински регион.
Иднината на нашата земја се најмладите, а преку иновативни проекти од овој тип се развиваат младите умови и се поттикнува нивната креативност.
McCann Worldgroup е прогласена за агенциска мрежа на годината на Меѓународниот фестивал на креативноста во Кан – Cannes Lions 2019.
Македонската берза во рамки на настанот Недела на Funderbeam организира отворени денови за подетално запознавање со crowdfunding платформата Funderbeam.
САД имаат најголеми трошоци за здравствено осигурување, каде што трошоците по глава жител достигнуваат 9.870 долари.
Проектот опфати анализа на функционирањето на системот за борба против фалсификувањето банкноти и монети, идентификување на проблемите и препораки за нивно разрешување.
Индустриското производство во периодот јануари – мај 2019 година, во однос на истиот период лани, е зголемено за 6,5%.
Просечно домаќинство во земјава наменува околу 59,8% од својата потрошувачка за задоволување на основните потреби како храна, облека, домување и покуќнина.











