Пет банки и пет компании од земјава остварија најголема добивка во 2018 година, што во вкупен износ достигна 13.026.627.000 денари или 32,12% повеќе во однос на претходната година.
Оваа награда го потврдува високото ниво на корпоративно управување во компанијата, како и транспарентноста во работењето и квалитетот на комуникацијата со инвеститорите, институциите, медиумите и јавноста воопшто.
Потребно е и плодовите на растот да се распределуваат праведно, односно да се зголемува животниот стандард на сите граѓани, а не само на мал дел од нив.
Македонска берза останува промотор на концептот за финансирање на бизнисите преку берзата, на дежурната тема за IPO (initial public offering).
Покрај вработените на Кроација осигурување, акцијата е отворена и за сите граѓани, деловни парнери и корисници на осигурителни полиси, кои книгите што сакаат да ги донираат ќе можат да ги остават во експозитурите и продажните места на компанија.
Светска банка проектира реалниот раст на бруто домашниот производ на земјава оваа година да биде 2,9%, а следната 3,2%.
АД ЕЛЕМ минатата година ја заврши со добивка од 29.827.097 евра, што претставува најуспешна финансиска година од постоењето на компанијата.
На своите корисници им овозможува да пронајдат локална пицерија и да направат онлајн нарачка, нудејќи беспрекорни услуги и за корисниците и за пицериите, кои се клучни за корисничкото искуство.
Деновиве започнаа да се садат висококвалитетни сорти на нови 50 хектари.
Бензинот Еуросупер БС – 95 поскапува за 2,50 денари и ќе чини 68,50 денари, додека бензинот Еуросупер БС – 98 ќе има цена повисока за три денари и ќе се продава по 70,50 денари за еден литар, a дизелот поскапува за половина денар.
Вкупно 5,4 милиони евра се влеале во Македонија на име онлајн купување од странство, што претставува пораст за околу 78% во однос на 2017 година.
Во земјава функционираат вкупно 1.314 институции под “капата“ на државата, во коишто се вработени 132.068 лица.
Поволниот макроекономски амбиент, солидните движења и перформансите на банкарските системи во земјите од регионот на Западен Балкан се основа за посилен кредитен раст и натамошно продлабочување на финансиската интермедијација, во функција на поддршка на растот.
Рокот за поднесување апликации е 10-ти мај 2019 година.
Бројот на работници во индустријата во февруари оваа година, во однос на истиот период лани, е зголемен за 0,8%.
Летното сметање на времето оваа година започнува на 31-ви март во два часот, така што со поместување за еден час нанапред времето во два часот се смета како три часот.
Граѓаните и фирмите, без да го напуштат своето место на живеење/седиште, можат да ги добијат сите даночни услуги и информации преку мобилните шалтери.
Сите заинтересирани кои сакаат да ја слушнат приказната за Ветрило, но и од близу да го запознаат овој комплекс, што се наоѓа позади општината во Сопиште, можат да бидат дел од забавата што ќе биде организирана од 13 до 16 часот.
Индустриското производство во февруари оваа година, во однос на истиот период лани, е зголемено за 7,3%.
Новоизбраните ограни на управување на МАСИТ ќе ги извршуваат своите функции до март 2022 година.
Министерството за финансии е клучното тело за спроведување на овој стратешки документ, но корисник на истиот е целиот јавен сектор.
Оваа година Марили за прв пат додели признание на жена менаџер надвор од приватниот сектор, која е на висока функција во армискиот состав, првата жена полковник во АРМ, Ирена Минева.
Фондот содржи ризик што е повисок од оној кај паричните фондови или кај фондовите кои инвестираат исклучиво во обврзници, но е помалку ризичен од оние кои инвестираат единствено во акции.
Клубот на Бизнис ангели на ЦЕЕД Македонија ви дава прилика да ги пријавите своите бизнис идеи до 12-ти април.











