За секого од нив, компанијата издвојува по 6.000 денари месечно, десет месеци во годината.
Индексот на цените на угостителските услуги во јули 2018 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 2,8 %.
Секој акционер кој има намера да учествува на Собранието е должен да го пријави своето учество до Секторот за правни работи и секретаријат на НЛБ Банка, најдоцна пред почетокот на седницата на Собранието.
Истовремено, со оваа Одлука се врши измена во член 59, став 6 од Правилата, со која се предвидува подетално уредување на можноста за користење на т.н. специјален ден на порамнување.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и моторните возила за превоз на 10 или повеќе лица.
Цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 73,00 ден/лит, дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе чини 62,50 ден/лит, додека Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе се продава по цена од 51,50 ден/лит.
Само дел од продавниците каде што ќе може да се пазари со попуст се: Спорт М, Анхоч, Топ шоп, Васидора, Дуки Дасо, Сара фешн, дрогеријата ДМ, маркетот Веро, продавниците во одделот за храна и други.
Самсунг Галакси Таб 10.5“ им овозможува на родителите контрола при управувањето со содржините и времето на користење преку режимот за деца – Kids Mode, таблет интерфејсот на Самсунг кој е безбеден за деца и е дизајниран со цел да ги направи учењето и забавата поедноставни, побезбедни и поинтересни
Денеска во Прилеп здруженијата ЛАГ Агро Лидер и Солар Македонија одржаа заедничка презентација пред фармери од Пелагонија на тема внесување на соларни системи и одржлива енергија во земјоделското производство во регионот.
На словенечкиот меѓународен саем за вино Вино Словенија кој се одржа во Горна Радгона, црвеното вино Domaine Lepovo Grand Cuvée се закити со шампионска титула во својата категорија
Секој совесен возач, кога ќе забележи работници облечени во портокалови елечиња на коловозот треба веднаш да ја намали брзината и да ја зголеми претпазливоста и внимателноста при возење.
Акциите издадени од Јака 80 АД Радовиш ќе бидат исклучени од котација на Официјалниот пазар на Берзата почнувајќи од 01.08.2018 година (Среда).
Просечната каматна стапка на вкупните депозити од домаќинствата трет месец по ред се одржува на нивото од 1,43%.
Во групата Трговија на мало со автомобилски горива, прометот номинално е зголемен за 13,3 %, а реално е намален за 4,2 %.
Во таа насока компанијата сака да ја информира јавноста дека моменталните профили на социјалните мрежи во коишто се користи името на ЕВН, се лажни и содржините кои се наоѓаат на нив се злоупотреба и измама.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јуни 2018 година, во однос на јуни 2017 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 13,7 %, Капитални производи за 22,5 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,4 %, опаѓање бележи кај Енергија за 0,7 % и кај Tрајни производи за широка потрошувачка за 1,3 %.
Проф. д-р Ванчо Чифлиганец, кој е основач и на истоимената фондацијата, е препознатлив и по филантропските активности.
Со здружени сили, двете организации ќе работат на модернизација и зголемување на рентабилноста на фармите во регионот преку употреба на обновливи извори на енергија.
Според главните индустриски групи, производството во јуни 2018 година, во однос на јуни 2017 година, бележи пораст кај Енергија за 12,3 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 13,5 %, Капитални производи за 34,2 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 20,1 %.
Граѓаните и фирмите, без да го напуштат своето место на живеење/седиште, можат да ги добијат сите даночни услуги и информации преку мобилните шалтери, да ги достават сите видови на даночни пријави, барања и сл., како и да ги подигнат сите документи што ги издава Управата за јавни приходи.
Инаку, станува збор за луксузниот станбен комплекс од затворен тип на домување, City View Condominium Resort којшто вклучува 66 апартмани со големина од 55 до 121 м2, лоциран на само 6 километри од Скопје, надвор од сообраќајниот метеж и градската гужва, на падините на Водно во општина Сопиште.
Донацијата за настраданите ќе биде реализирана преку застапниците на Виталиа во Грција.
Централна кооперативна банка АД Скопје ги известува своите корисници дека во периодот од 27.07.2018 до 09.08.2018 година, подигнувањето на готовина на банкоматите на банката - со кредитни картички издадени од ЦКБ АД Скопје, ќе биде без провизии.
Гледано по групи на производи, во структурата на вкупните консолидирани продажби, најголемо учество заземаат производите од сегментот Фармација и тоа 84%.











