Чувството кога очите ви се затвораат на 2 секунди, а вие возите и понатаму, може да ве чини живот!
Времениот сообраќаен режим ќе важи до завршување на градежните работи за изведба на гасоводната мрежа на овој дел од булевар Илинден.
Што се однесува до споредбата на годишно ниво, во јуни 2018, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите Енергија 7,3 % и Капитални производи 0,6 %.
Бензинската станица e изградена во новиот корпоративен стил на компанијата и се простира на површина од 3.400 м2, со објект од 420 м2.
Виталиа е првата компанија од прехранбената индустрија во Македонија со ваква иницијатива, потврдувајќи ја со тоа уште еднаш својата решителност да им помага на луѓето од ранливите категории.
СЕНС како програма на Лице в лице кое што е социјално пртпријатие за работна интеграција, првенствено ќе се насочи кон лоцирање и решавање на бесмисленостите во општеството што се однесуваат на социјалната сфера и кон подобрување на инклузијата на ранливите поединци.
Датум на имплементација на извршената ревизија, односно датумот од кој ќе отпочне да се пресметува индексот по новиот состав е 27.07.018 година.
Се очекува дека позитивните трендови кај депозитната база на банките ќе продолжат и во следниот период, обезбедувајќи стабилни извори за финансирање на кредитниот раст, којшто според априлската проекција, во следните две години би се движел помеѓу 6,5% и 7,7%.
По капиталниот ремонт на Блок 1 на Термоелектраната Битола, започнуваат ремонтни активности на вториот блок кои ќе траат до 10 септември, а ремонт на третиот блок на РЕК Битола предвидено е да се реализира од 10 септември до 15 октомври.
Потписниците на Меморандумот соработката ќе ја остваруваат преку споделување на релевантни информации од областа на е-трговијата, заеднички ќе придонeсуваат за развојот на соодветни програми од областа на е-трговијата, за потребите на корисниците на услугите, како и преку споделување на тековни и нови искуства, релевантни за област на дејствување и соодветната целна група.
Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 66,2 % во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 90,4 % од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија.
CEED HUB Скопје, со поддршка на канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје и Фондот за иновации и технолошки развој ви нуди можност преку учество во UPSHIFT програмата да ја развиете идејата, да најдете решение на проблемот што сте го препознале и да добиете финансиска поддршка да ги реализирате.
Минатата година бројката на испитаници кои имале инсталирано софтвер за родителска заштита изнесувал 5%, односно забележуваме двојно зголемување на бројот на корисници на ваков софтвер.
Даночните обврзници што вршат дејност во туристичките места, како и субјектите кои се позиционирани на патните делници и ова лето се предмет на засилен мониторинг од страна на Управата за јавни приходи, преку зголемено присуство на терен и ангажирање на сите расположливи капацитети.
Во изминатите близу 20 години, Штедилницата ФУЛМ има опслужено повеќе од 30.000 луѓе, со своите финансиски услуги - кредитирање и штедење.
Со цел проширување на својата мрежа на поставени банкомати и обезбедување на што поголема достапност на услугите Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје отвори нов банкомат со нова локација.
Така, во следните две недели цената на ЕУРОСУПЕР БС95 ќе изнесува 71,00 ден/лит, на ЕУРОСУПЕР БС-98 73,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 51,50 ден/лит.
Анализирано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, кај најзастапената категорија ‒ потрошувачките и станбените кредити е забележан месечен раст од 1,3% и 1,2%, соодветно, којшто на годишно ниво изнесува 11,1% и 14,9%, соодветно.
Секој возач си има свои лични афинитети, желби и барања, но важно е да се потенцира дека,согласно искуствата и истражувањата, денското возење се смета за многу побезбедно од ноќното возење.
Austrian Airlines се закитија со награди за Најдобра услуга на авиокомпанија во Европа и Најдобар кетеринг во бизнис класа.
Ова е петта аукција за продажба на електрична енергија од почетокот на годинава.
Креативната изведба на редизајнот и промотивни активности се раководат од слоганот на оваа линија вина – Страст за традицијата.
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (19,2 %), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (13,9 %) и Преработувачка индустрија (3,1 %).
На берзата најмногу се тргувало со акции, дури 68% од прометот е направен со продажба на акции.











