Вонредна ревизија на индексот ОМБ

27

Комисијата за берзански индекс на 26.07.2018 година изврши вонредна ревизија на индексот ОМБ.

Според ревизијата следните обврзници ќе бидат елементи на ОМБ: Обврзниците за денационализација-Деветта емисија (RMDEN09), Обврзниците за денационализација-Десетта емисија (RMDEN10), Обврзниците за денационализација-Единаесетта емисија (RMDEN11), Обврзниците за денационализација-Дванаесетта емисија (RMDEN12), Обврзниците за денационализација-Тринаесетта емисија (RMDEN13), Обврзниците за денационализација Четиринаесетта емисија (RMDEN14) Обврзниците за денационализација – Петнаесетта емисија (RMDEN15), Обврзниците за денационализација-Шеснаесетта емисија (RMDEN16) и  Обврзниците за денационализација-Седумнаесетта емисија (RMDEN17).

Согласно Методологијата за пресметување на Индексот на обврзници на Македонската берза – ОМБ, Комисијата за берзански индекс одлучи во ОМБ да бидат вклучени Обврзниците за денационализација – Седумнаесетта емисија издадени од Република Македонија (со шифра на тргување РМДЕН17) и покрај тоа што не е исполнет критериумот за остварени најмалку 30 дена на тргување, од причина што тргувањето со новоиздадената Седумнаесетта емисија на обврзници за денационализација има доминантно учество во тргувањето со обврзници на Македонската берза, а со цел индексот ОМБ реално да ги прикажува движењата на цените на обврзниците.

Датум на имплементација на извршената ревизија, односно датумот од кој ќе отпочне да се пресметува индексот по новиот состав е 27.07.018 година.

Следната редовна ревизија на индексите е на 15.12.2018 година.