Во промотивниот период до 30.6.2018 година, производите се достапни со намалена провизија за одобрување.
Во тек е замена на два магистрални водови во вкупна должина од 4,5 км од кои 45% се завршени.
Освен Ркацители 2016, многу високи оценки од Скваерс добија уште две други вина од винаријата Стоби. Тоа се Жилавка од бербата од 2016 година и Вранец од 2015, што беа оценети со 88 поени.
Од Општината посочуваат дека во случај да се предвидат нови средства за оваа намена, граѓаните ќе бидат навремено информирани преку веб страната на Општината, социјалните мрежи и Фејсбук профилот на Општина Карпош, како и преку средствата за јавно информирање.
Екоакцијата ќе се одвива паралелно во 13 градови во Македонија: Скопје, Велес, Кочани, Виница, Куманово, Тетово, Неготино, Штип, Прилеп, Кавадарци, Св.Николе, Битола и Охрид.
Повикот беше објавен на 5 април 2018 година и е предвидено да трае 45 календарски дена, заклучно со 21 мај 2018 година, или до исцрпување на предвидените финансиски средства од Буџетот на Град Скопје за оваа намена.
Новите каматни стапки на депозитните производи за физички лица се однесуваат на сите постојни и новосклучени договори за депозити.
Денеска започна единаесетото издание на проектот ЛИДЕР организиран од Македонија2025, кој ќе трае десет работни денови.
Намалување на индексите на трошоците на животот во април 2018 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај шеќерот, џемот, медот и кондикторските производи за 0,9 %, брашното и другите жита, рибата и морските плодови за 0,4 %, оризот, другите пекарски производи, житата и јајцата за 0,2 %.
Вкупно 41 вработен трчаа за да им овозможат на децата од Посебното основно училиште Др.Златан Сремец да учествуваат на 12. Меѓународен специјален атлетски фестивал во Истанбул, Турција.
Чартер-летовите на релација Амстердам-Охрид-Амстердам, ќе траат до 16-ти октомври оваа година.
14-то издание на маратонот е под покровителство на Град Скопје, Делегацијата на Европската Унија и Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија. Скопски маратон традиционално се одржува по повод на Денот на Европа.
Црната статистика за 2017 година покажува дека 34 пешаци го загубиле животот во сообраќајни незгоди, од кои, дури 17 се на возраст над 65 години, а повеќе од 900 се сериозно повредени.
Максималниот износ на двоен кешбек за време на промотивниот период е до 16 % од износот на трансакцијата.
Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.
Фото: PixabayИндексот на цените на угостителските услуги во април годинава, во споредба со март 2018 година, останале на исто ниво, објави Државниот завод за...
Главната цел на програмата е едукација и обука на студентите, со цел да се стекнат со поширока научна основа од областа на нафтената индустрија и енергетскиот сектор.
На презентацијата матурантите имаа можност да се запознаат со компанијата, сите брендови од семејството Макпрогрес, со компаниските капацитети и потреби за вработување.
Автобусот ќе биде дел од тест периодот на еко-автобуси во градскиот сообраќај, по што Град Скопје и ЈСП Скопје ќе треба да одлучат со какви автобуси ќе го модернизираат возниот парк на јавното сообраќајно претпријатие.
Предвидено е до крајот на годината да бидат издадени 10 броја на е-билтенот што ќе излегува еднаш месечно.
Се очекува депозитен раст од 6,4% и 6,5% за 2018, односно 2019 година, наместо претходно предвидените 6,1% и 6,3%. За 2018 и 2019 година се очекува кредитен раст од 6,5% и 7,7%, соодветно, при што банкарскиот систем и натаму е стабилен, ликвиден и висококапитализиран.
Компанијата од Скопски пазар купила објект со површина од 2.033 метри квадратни во Кавадрци, и две земјиште исто во Кавадарци, со вкупна површина од 857 квадратни метри.
Чекорејќи 40 години по патот на успехот, ОКТА останува да биде фокусирана кон постигнување одржлив развој, притоа секогаш стремејќи се да обезбеди редовно и непречено снабдување на пазарот,со горива со европски квалитет.
Според единечниот Биланс на успех, во периодот јануари – март, продажбите достигнуваат 1.845.629.963 денари, што е за 4% повеќе во споредба со истиот период од минатата година











