Ви го предлагаме кредитниот продукт Можност + на Штедилница Можности, наменет за малите семејни бизниси!
Цените во земјоделството во февруари 2017 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот се зголемени за 4%, а кај аутпутот зголемувањето изнесува 5,4%.
Македонија2025 на 15-ти март организира Отворен ден за едукативни програми на којшто ќе бидат претставени неколку програми за целосно студирање, програми за усовршување на вештини во деловниот свет и управување со компании, како и можности за стипендирање.
Побрзајте и обезбедете си ја својата идна викенд - дестинација, искористете ја можноста да купите еден од неколкуте преостанати апартмани по најповолни цени и имајте ваше прибежиште каде ќе го поминувате секој викенд, празник или пак било кој ден од годинатa.
Заклучно со 13-ти март оваа година, поднесени се вкупно 360.795 даночни пријави, од кои 1.728 се поднесени по електронски пат.
Саемот ќе биде отворен од 10 до 20 часот, цената на влезницата е 100 денари, а за групни посети и студенти 50 денари.
Бордот на европски студенти по технологија (БЕСТ) Скопје го најавува тринаесеттиот по ред Саем за вработување и кариера - Job Fair 2017, којшто ќе се одржи од 03.04 до 12.04.2017 година.
Добивка од 84.627.000 денари прокнижи винарската визба Тиквеш, во период од први јануари до 31-ви декември минатата година.
Компанијата Бим од Свети Николе, во периодот јануари – декември 2016 година, оствари позитивен финансиски резултат од 47.947.000 денари.
Брзи, релевантни, економски исплатливи анализи според светските стандарди, кои за десет минути утврдуваат 28 параметри во виното неопходни за негов пласман и на најпребирливите пазари.
Бројот на туристите во јануари 2017 година, во однос на јануари 2016 година, е зголемен за 13,3%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 11,7%.
Фруктал Мак со добивка од 530.000 денари ја заокружи минатата година. Добивката на крајот на 2015 година изнесуваше 6.550.000 денари.
Акционерското друштво Тајмиште од Кичево, од јануари до декември лани, оствари вкупна сеопфатна добивка од 1.404.000 денари.
Пријавувањето се врши во подрачните единици на Министерството каде што живее земјоделецот или каде што се наоѓа седиштето на фирмата.
РЖ Услуги прокнижи вкупна сеопфатна добивка од 1.257.000 денари, во период од јануари до декември 2016 година.
Просечната цена на еден метар квадратен станбена површина во 2016 изнесуваше 43.091 денари, што е за 6,5% помалку во однос на 2015 година.
За физичките лица и самостојните вршители на дејност, кои се најдоа на листата, долговите се повисоки од 120.000 денари. За правните лица, долгот е повисок од 300.000 денари.
Прометот во трговијата на мало, во 2016 година, номинално бележи пораст.
Жито Караорман од Кичево, од јануари до декември лани, оствари 858.000 денари добивка, додека истиот период во 2015 година, таа изнесуваше 832.000 денари.
Во однос на големината, во 2015 година преовладуваат микропретпријатијата со помалку од 10 вработени (90,4%), од кои најголем дел се од областа на трговијата.
Компанијата за товарен патен транспорт, ЖАС од Скопје, 2016 година ја заврши со загуба од 12.530.000 денари.
Бројот на работници во индустријата во јануари, во однос на истиот период лани, е зголемен за 0,4%.
РЖ Институт од јануари до декември лани оствари загуба од 16.141.000 денари, додека една година претходно таа беше на ниво од 58.819.000 денари.
Стапката на раст на бруто домашниот производ (БДП) во четвртото тримесечје од 2016 година изнесува 2,4%.