Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка нема да работат на шести јануари (петок) – Бадник и седми јануари (сабота) – Божик.
Согласно законот, на шести јануари (петок) – Бадник, ден пред Божик и на седми јануари (сабота) - прв ден на Божик, експозитурите на НЛБ Банка нема да работат.
Цените на угостителските услуги во декември 2016-та година, во однос претходниот месец, останаа на исто ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Врз основа на Одлуката 02-1632/1 од 30.12.2016 година за отпочнување на користење на правата од членството на Берзата, Шпаркасе банка од деветти јануари ќе започне со тргување преку БЕСТ системот под шифрата SP.
Алп Ер Тунга Ерсој е назначен за нов генерален директор на ТАВ Македонија, додека Зоран Крстевски е назначен за член на Бордот на директори на компанијата што управува со двата аеродроми во земјава.
Новата камата ќе изнесува 11,75 процентни поени, а се применува од први овој месец.
Вкупно 14.588 тони тутун од годинашната реколта се откупени до денеска, а просечната цена е 192,08 денари по килограм.
Само на петти јануари, целокупниот асортиман на тапациран мебел достапен низ седумте салони на Мебел - Ви ќе се продава со попусти од 10%, а за некои гарнитури и повеќе.
Спирометри и инхалатори за Детската клиника и апарат за рано откривање на туберкулоза за Институтот за белодробни заболувања кај децата во Козле, е најновата донација од Жито Лукс.
Трговскиот дефицит, во период од јануари до ноември минатата година, достигна 1.583.744.000 евра, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
За да може да се поднесе пресметка за плата за месец јануари, задолжително е преземање на најновата верзија на МПИН клиентски софтвер преку интернет страницата на Управата за јавни приходи.
Филијалите ќе имаат работно време од понеделник до петок: 08:30 до 16:00 часот, а се наоѓаат на улица 1613 бр.2 во населба Ново Лисиче и на улица Христо Татарчев бр.43 А локал 12 и локал 13, Расадник.
Намалувањето ги опфаќа орочените денарски штедни влогови на три месеци за 0,1 процентен поен, на шест месеци за 0,2 процентни поени, додека кај каматните стапки за рочностите на 12, 24 и 36 месеци Банката ќе изврши намалување за по 0,30 проценти поени.
Персонализираната електронска картичка чини 200, а неперсонализираната електронска картичка со вклучени пет гратис возења чини 150 денари. Овие картички може да се надополнат со минимум 100 и максимум 6.000 денари.
Вкупната потрошувачка на енергија во 2017 година ќе порасне за 2,3%, а потрошувачката на електрична енергија ќе зависи од работата на индустриските капацитети кои учествуваат со 20% во вкупната потрошувачка.
Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, во трговијата на мало, во ноември 2016 година, во споредба со ноември 2015 година, забележано е зголемување на прометот во неколку групи.
Фармацевтската компанија Алкалоид за следната 2017 година проектира нето добивка во висина од 13.000.000 евра, стои во Бизнис планот за 2017 година, објавен на Македонска берза.
Акциите издадени од ЕМО Охрид ќе бидат исклучени од котација на Официјалниот пазар на берзата, почнувајќи од 29.12.2016 година.
Сите даночни обврзници, кои имаат обврска да поднесат Пријава за регистрација на данокот на додадена вредност, од први јануари, треба да го направат тоа со поднесување на новиот образец ДДВ – 01.
Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашен пазар во ноември оваа година, во однос на претходниот месец се пониски за 0,7%, додека во однос на истиот период лани намалувањето е за 0,8%.
Ова е уште еден нов мандат за Иван Штериев од четири години, кој функцијата главен извршен директор на Македонска берза ја извршува од 2005-та година до денес.
И оваа година по повод новогодишните празници, членови на Управиот одбор на Стопанска Банка а.д. Битола, подарија новогодишни пакетчиња на децата во Здружението за развој на ромската заедница Сумнал.
Капитол мол со детски радости ја затвора 2016-та година и ќе продолжи да ја негува семејната атмосфера и забавниот шопинг и во новата 2017 година.
Општата болница во Прилеп Борка Талески ќе добие нов оперативен стол, заедничка донација од Витаминка и Прилепска Пиварница во вредност од 12.500 евра. Оперативниот стол е наменет за Одделението за офталмологија и станува збор за неопходна опрема со мултифункционални перформанси.