Во екот на предновогодишните корпоративни забави, компанијата ОКТА средствата наменети за прослави и подароци за своите деловни партнери и соработници ги пренамени за хуманитарни цели.
Од денеска започнува новата наградна игра Повеќе време заедно, која се однесува за сите нови и постојните Magenta 1 корисници, коишто ќе склучат договор најдоцна до 08.01.2017 година. Наградите ќе се извлечат на 09.01.2017 година, при што 50 корисници ќе добијат по 3 паметни алки за своето семејство.
Уникатниот Buzz shop понуди специфично шопинг искуство исполнето со забава, попусти и одличен избор на патики. Во среда, 28.12.2016, започна специјалниот шопинг зачинет со промоцијата на првиот Buzz Mix tape vol. 1 креиран од етаблирани претставници на урбаната култура.
По повод новогодишните и божикните празници, филијалите на Стопанска банка АД Скопје нема да работат на 02.01.2017 (понеделник), на 06.01.2017 (петок) и 07.01.2017 (сабота).
Новиот маркет е отворен седум дена во неделата, со работно време од 08 до 21:30 часот од понеделник до сабота, а во недела од 09 часот до 17 часот.
Бројот на работници во индустријата во ноември оваа година, во однос на истиот период лани, е намален за 0,9%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Преку своите вредности, мисијата и стратешките цели го зацрта својот пат да биде современа, иновативна и динамична осигурителна и финансиска групација, која што цврсто ја држи водечката позиција во Словенија и во регионот.
Во категоријата мали претпријатија првата награда му припадна на Деан Бадаревски од Софа студио од Скопје, додека втората награда му припадна на Васко Брдаровски од Евросуровина ПА од Битола. Во категоријата на микро претпријатија добитник на првата награда е Хашим Хасани од Хотел Скардус од Тетово, додека втората награда ѝ припадна на Биљана Кукловски од Чоко авијаторс од Скопје.
Индустриското производство во ноември оваа година, во однос на истиот период лани, е намалена за 4,9%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Биди In, дојди во BUZZ shop во Skopje City Mall да слушнеш добра музика во комбинација со одличен избор на патики кои специјално за оваа прилика се со новогодишни цени!
Комплетно решение за е-здравство наменето за болни постари лица, лица заболени од хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ) и лица со благи когнитивни нарушувања презентираше македонскиот тим WIN group од Факултетот за електротехника и информациски технологии.
На 30-ти и 31-ви декември организирани се неколку игри и бројни изненадувања за најмалите, но и големите посетители на молот. Ќе има натпревар за украсување на елка, а последните два дена од годината посетителите ќе играат Среќно Тркало.
Една од главните активности на Проектот се настаните за вмрежување, на кои учесниците директно се запознаваат едни со други, имаат можност да ги претстават своите производи/услуги и да разговараат за потенцијални заеднички бизнис соработки.
Јавното сообраќајно претпријатие Скопје (ЈСП) ги известува студентите и возрасната група граѓани (над 62 години за жени, односно 64 години за мажи) дека задолжително треба да ја продолжат важноста на билетите за 2017 година до 31.12.2016 година.
Со помош на швајцарската програма ИМЕ ќе се примени една од најнапредните методологии за развој на туризмот, ќе се мапираат стратешките текови на посетители во дестинацијата, ќе се направи проценка на недостатоците во понудата и ќе се работи на прилагодување на туристичкиот производ за потребите на туристите.
Фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец и градежната компанија Адора инженеринг ќе им изградат нов дом на семејството Трајкови во радовишкото село Дедино, чија куќа изгоре до темел во неодамнешниот пожар.
На македонскиот поштенски пазар најмногу рекламации лани се поднесени за изгубени поштенски пратки, а поголемиот дел од позитивно решените се за препорачани пратки.
Училиштата за деца со пречки во развој Иднина и Д-р Златан Сремец добија интерактивни табли како новогодишна донација од ОКТА.
Во очекување на Вашите идни проекти и заедничка соработка, тимот на Солопром Ви посакува мир, радост, среќа и многу здравје во Новата година.
Вкупната потрошувачка по видови енергенти во октомври изнесува: 640.641 МWh електрична енергија, 23.424 мил.нм3 природен гас, 344.347 тони јаглен и 103.179 тони нафтени продукти.
Новата цена на Еуросупер БС – 95 ќе биде 66,50 денари, додека еден литар Еуросупер БС – 98 ќе се продава за 68,50 денари. Дизел горивото ќе се продава по нова цена од 53,50 денари за литар.
“Без разлика дали земјоделието претставува ваша основна дејност или истата ја вршите како дополнително занимање, регистрацијата за паушално оданочување овозможува персоналниот данок да го плаќање еднаш во годината и да немате дополнителни трошоци за водење на деловни книги“, стои во соопштението на УЈП.
Фармацевтската компанија Плива на Универзитетската Клиника за хематологија во Скопје додели донација вредна над 500.000 денари, во рамките на процесот за модернизација, зголемување на функционалноста на Клиниката и подобрување на условите за третман на пациентите.
Наградите за најдобрите креации, што беа обезбедени од Филип Морис вклучуваат книги, енциклопедии, комплети за цртање, како и други училишни помагала и опрема.











