Индикаторот на доверба во четвртото тримесечје од 2016 година е зголемен за 0,2 процентни поени во однос на претходното тримесечје, а е зголемен за 2 процентни поени во однос на истото тримесечје од 2015 година.
Фирмите и работодавачите како исплатители на приходи имаат обврска најдоцна до 25-ти јануари на сите физички лица на кои во текот на изминатата година вршеле исплати на приходи, да им издадат Збирна пресметка за исплатените приходи, платениот персонален данок и придонеси за 2016 година.
Реномираниот магазин Investors Review за 2016-та година ја избра Илирика помеѓу најдобрите инвеститорски финансиски институции.
Смислата на празниците се огледува во дарувањето, споделувањето и благодарноста. Вистинскиот начин на празнување се состои во радоста која сте во можност да им ја приредите на саканите околу вас.
Од почетокот на 2017 година производите на македонскиот бренд МАМА’С се најдоа на полиците на Unifree Duty Free продавниците на аеродромот Ататурк во Истанбул.
Податоците за кредитниот пазар во декември се поволни и покажуваат забрзување на месечниот раст на вкупните кредити на приватниот сектор, главно поттикнат од корпоративниот сектор.
Вкупно 1.794.376 патници во 2016 година патувале преку двата македонски аеродрома, Александар Велики во Скопје и Св. Апостол Павле во Охрид, што е 15% повеќе во однос на 2015-та.
Во просториите на Јавна Соба, утре од 17 до 18 часот, ќе се изработуваат куќарки од стиропор и слама, што ќе бидат привремени засолништа за сите бездомни животни. Потоа, планирано е поставување на изработените куќарки на различни локации низ градот.
Ова е прва инвестиција на SCV, којашто се реализира заедно со швајцарскиот старт – ап Netcetera, кинескиот Tsingbay Venture Capital и други помали инвеститори.
Прехранбената компанија Витаминка од Прилеп за оваа 2017 година планира да оствари вкупни приходи од оперативно работење во износ од 36,5 милиони евра, покажува финансискиот и бизнис планот за 2017 година.
Неуромедика има потреба од нов дополнителен кадар кој ќе работи во новиот објект и постоечките капацитети. Отворени се 125 работни места од повеќе области.
Во 2016 година, во однос на 2015 година, трошоците на животот и цените на мало бележат намалување од 0,2%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Green for Growth Fund (GGF) ѝ одобри заем од 10 милиони евра на Халк Банка наменет за зголемување на енергетската ефикасност (ЕЕ) во Македонија.
Доколку граѓаните не извршиле плаќање на утврдените даночни обврски за персонален данок на доход за 2015 година и за претходните години (по основ на Годишна даночна пријава) и за 2016 година (по основ на Аконтативна даночна пријава), истото да го сторат во најкраток можен рок.
Работилницата ќе се одржи на 12 јануари (четврток) од 18 до 20 часот во просториите на Brainster. Местата се ограничени, пријавувањето завршува на 11 јануари (среда).
Доколку граѓаните забележат лице од ризик од студено време како бездомник или деца на улица, истото да го пријават на бесплатниот телефон 15 505.
Еден литар Еуросупер БС – 95 ќе се продава по 67 денари, додека новата цена на Еуросупер БС – 98 ќе биде 69 денари за еден литар. Еуродизел (Д-Е V) и во следите две недели ќе чини 53,50 денари за литар.
Акциите на Стопанска и Комерцијална банка, како и на фармацевтската компанија Алкалоид се најтргувани во декември, покажува Месечниот статистички билтен на Македонска берза.
Ликвидноста на банките во ноември забележа месечен пад, покажуваат податоците на Народната банка на Република Македонија.
Вкупните девизни резерви на крајот на 2016-та година имаа вредност од 2.613.400.000 евра, покажуваат податоците на Народната банка на Република Македонија.
Повеќето видови животни релативно добро ги поднесуваат ниските температури, но при појава на екстремно ниски температури проследени со силен ветер и високи врнежи и наноси на снег во предвид АХВ дава повеќе препораки.
Даночните обврзници кои во претходната календарска година од вршење на оданочива стопанска дејност оствариле вкупен промет повисок од 1.000.000 денари имаат обврска да поднесат Пријава за регистрација за целите на данокот на додадена вредност најдоцна до 15-ти јануари 2017 година.
По повод претстојните празници, на шести јануари (петок) – Бадник, редовно ќе работат неколку филијали и експозитури на ТТК Банка. На седми јануари (сабота) – Божиќ, филијалите и експозитурите на ТТК Банка нема да работат.