Овој растителен филтер го компензира загадувањето од 417 автомобили на годишно ниво и може да се адаптира на секоја животна средина. City Tree има ист ефект како 275 дрва.
Претставници од Македонија, Бугарија и Словенија денеска на конференција во Скопје разменуваат искуства за отвореност на податоците на владите за трошење на парите од буџетот.
Тиквеш пред македонските љубители на виното ги претставува трите нови вина од линијата Special Selection – Cabernet Franc и две вина кои се дел од екстензијата на линијата Special Selection т.н. Oak Edition и тоа Chardonnay Oak Edition и Cabernet & Merlot Oak Edition.
Научно - истражувачкиот институт ИЕГЕ денеска ја отвора првата Менаџерска школа за инженери во Македонија (МИМ).
Македонскиот бренд МАМА’С почна да се продава во Fortnum & Mason, најлуксузната продавница во светот која постои од 1707 година.
На конференцијата ќе присуствуваат 48 компании од Македонија во својство на добавувачи и 18 компании, од кои 16 странски, во својство на купувачи.
Краен рок за пријавување е 22.09.2016 година.
Сојузот на стопански комори (ССК) денеска организира Македонско - украински бизнис форум на кој ќе присуствува висока официјална и бизнис делегација од Стопанската комора за трговија и индустрија на Украина.
НЛБ Банка спроведува промотивна кампања за НЛБ Виолетовите потрошувачки кредити за физички лица, за Ризико виолетов и Промотивниот виолетов потрошувачки кредити со повеќе поволности до седми октомври оваа година.
Bransys е единствената софтверска компанија за специјализиран fleet management - менаџирање и следење на флота возила која ја доби оваа награда National Champion 2016/2017, што воедно го потврдува квалитетот и доследноста на решението.
Министерството за економија, преку обука за начините и можностите за идентификација, подготовка и реализација на мерки за енергетска ефикасност, ќе укажува на потенцијалот за штедење енергија кај малите и средни претпријатија.
Петар Лазаров и Калин Бабушку, косопственици на компанијата Македонија Експорт, на 15 септември (четврток), со почеток во 17 часот, во Јавна соба, ве покануваат на дружење, убав разговор и некој бесплатен совет. Влезот е слободен.
Во Централниот регистар воспоставени се два нови регистра - Регистар за продажба со задржување на правото на сопственост и Регистар за обезбедување со пренос на сопственост на предмети и пренос на права.
Со долгогодишната посветена работа која резултираше со доверба од корисниците, компанијата стана #1 хостинг провајдер и регистар на домени во Република Македонија.
Поднесување на документи: Од 12.09.2016 до 07.10.2016 година, од 12.00 до 14.00 часот во Службата за втор циклус на студии.
Министерството за финансии нема да ја одржи аукцијата на државни записи, којашто беше предвидена за денеска.
Охридска банка Сосиете Женерал продолжува да ја збогатува понудата на дигиталните услуги и ја воведува најновата услуга во своето портфолио, Моја Банка - Мобилно банкарство достапна за сите клиенти.
Трагите, односно водилките, што се поврзани со историјата на градот, ќе бидат споделени на денот на лов - 22 септември. Бурето, пак, ќе биде отворено кога првата личност ќе пристигне на локацијата и ќе ја каже точната лозинка.
Агенцијата за катастар на недвижности со помош на холандски експерти ќе го подобрува квалитетот и изработката на топографските карти и ќе ја подобрува Националната стратегија за инфраструктура на просторни податоци.
Бројот на туристи во јули оваа година, во однос на истиот период лани, е зголемен за 8,3%, додека кај бројот на ноќевања има пораст од 1,2%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Навиките и однесувањето на корисниците на паметни (мобилни) уреди, комуникацијата во движење, константното барање нови канали и целни групи за маркетинг комуникација ќе бидат носечките теми на конференцијата.
На листата се наоѓаат физички и правни лица кои должат по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.
Дирекцијата за заштита и спасување на интернет страната објави Упатство за самозаштита на граѓаните од земјотреси.
Во јули оваа година се издадени 256 одобренија за градење, што е за 28,7% помалку во однос на истиот период лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.











