Од ноќеска на полноќ, малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 2,00 ден/лит.
Индексот на трошоците на животот во август 2015 година, во однос на претходниот месец, изнесува 100.0, а индексот на цените на мало 100.4, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Во Тиквешкиот регион вчера почна бербата на најзастапената црна сорта грозје вранец. Откупот се одвива на повеќе пунктови на винарските визби.
Компанијата Јака 80 од Радовиш во првите шест месеци од оваа година прикажа загуба од 12.644.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.
Во второто тримесечје од 2015 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување, во споредба со податоците за второто тримесечје од 2014 година, се пониски за 1,3%.
Физичките лица кои правото на користење на градежно земјиште го стекнале со надомест, како и поранешните сопственици на градежното земјиште национализирано во 1958 година ќе можат да го приватизираат доколку нема Детален урбанистички план.
Преку донирање на основниот прехранбен продукт, компанијата уште еднаш ќе ги задоволи потребите во заводот за рехабилитација Рето Надеж, поддршката што се одвива во континуитет неколку години.
Жито Маркети, од 5 септември, со старт од населба Илинден, Скопје, го продолжува успешниот караван „Награди за насмевки“. Во текот на наредните месеци, караванот секоја сабота од 10.00 до 15.00 часот ќе ги посетува сите општини каде што е лоциран најголемиот ланец на супермаркети.
Индексот на цените на угостителските услуги во август 2015 година, во споредба со јули 2015 година, остана на исто ниво.
Еден од најголемите и најстарите тур оператори во Европа, групацијата Томас Кук, од наредната година започнува со работа во Македонија, со организација на чартер летови на релација Белгија - Охрид.
Трговскиот дефицит во период од јануари до јули оваа година, достигна вредност од 983.504.000 евра, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Винарската визба Тиквеш прикажа вкупна сеопфатна добивка во висина од 14.144.000 денари во период од 01.01. до 30.06. оваа година, покажува неревидираниот биланс на успех, објавен на Македонска берза.
Агенцијата за катастар на недвижности и Управата за имотно правни работи ќе организираат заеднички отворени денови со цел граѓаните да можат на едно место да прашаат за нивните проблеми.
Почнувајќи од денес, Близу за своите корисници им нуди ексклузивен пакет со три услуги на Близу - Три плус Делукс.
Како гостин говорник на предавањето, експерт од индустријата ќе биде Татјана Лопарски, директор за односи со јавност и сопственик на Агенција за односи со јавност.
Целта на донаторската програма на Еуролинк осигурување е да им се даде неопходната поддршка на студентите.
Акционерското друштво Агроплод во период од први јануари до 30-ти септември оваа година прокнижи загуба од 8.589.000 денари, покажува неконсолидираниот биланс на успех.
Македонски Телеком ги згаснува двата продуктни бренда Т-Home и T-Mobile и воведува еден бренд - Телеком, под чија капа компанијата ќе продолжи да го нуди целото свое портфолио на услуги.
Охридска банка прикажа добивка во висина од 259.484.000 денари во првото полугодие од оваа година, покажува неконсолидираниот биланс на успех.
Станува збор за компаниите Здравје Радово со двата производни погона во Куманово и во Радово, Балканска млекара од Скопје и Бучен Козјак од Куманово.
Жито Маркети успешно ја заврши својата трета донаторска акција од кампањата Навика да добивам повеќе, овој пат, опремувајќи ја ЈЗУ Општа Болница од Кочани со нови разладни уреди во болничките одделенија.
Винарската визба Тиквеш го стартуваше првиот дигитален музеј посветен на уметноста на создавањето врвно вино во Македонија.
Покрај меѓународните и домашни експерти, ќе учествуваат и претставници од владини институции, бизнис секторот, индивидуални производители, факултети и од невладиниот сектор.
Компанијата Благој Ѓорев од Велес прикажа вкупна сеопфатна добивка во висина од 11.886.000 денари, покажува полугодишниот неконсолидиран биланс на успех, објавен на Македонска берза.











