Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од денеска статува со проектот Отворен ден со граѓаните.
Од денеска, понеделник, до среда, ланецот за бела техника Нептун ги намалува цените на производите во своите продавници. Попустот се прави во пресрет на новогодишните празници.
Финалната потрошувачка на енергија во Македонија во 2014 година ќе изнесува 76.565 тераџули или за 2,3% повеќе во однос на 2013, додека примарната потрошувачка на енергија ќе биде 118.945 тераџули, односно за 2,6% повеќе во однос на годинава.
Германските бизнисмени, учесници на економскиот форум Европа 20-20: Предизвици и реформи за стопанството и животната средина, кој денеска се одржа во Скопје, се запознаа со инвестициските предности и можности кои ги нуди Македонија.
Највисок приход во Управата за јавни приходи за 2012 година пријавил скопјанец во износ 242.186.497 денари, а највисоката бруто плата изнесувала 63.039.671 денари во секторот здравствени услуги.
Покрај Insignia, која и е добро позната на македонската јавност, за прв пат во Македонија беше претставена и Opel Cascada, како еден поинтересен и уникатен модел.
Според градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, градот е динамичен и заедно во иднина можат да се изработат многу заеднички проекти. Може да се најде синергија за текстилот, интересен е секторот за мермер, претставување на индустриските зони како и влегување на градот Прилеп да стане дел од македонската бизнис - делегација во Италија.
Универзитетот Гоце Делчев (УГД) ги прими сертификатите за применување на системот за управување во согласност со ИСО 9001:2008.
Од денеска во функција ќе биде ставена новата пречистителна станица за атмосферски води на Цементраница Усје АД Скопје.
Регионалниот сојуз на лозари Агротиквешија достави барање до државата за добивање на поддршка за два денари на секој килограм грозје предадено на македонските винарски визби.
Во интервјуто Спасов вели и дека македонскиот електро-преносен систем оператор е подготвен за престојната зимска сезона и дека може да издржи зголемено оптоварување доколку температурите бидат екстремно ниски.
Германската компанија Marquardt GmbH, познат добавувач во автомобилската индустрија, влегува на македонскиот пазар со инвестиција вредна 35 милиони евра во изградба на погони за производство на делови за Ауди, Мерцедес и БМВ.
Според министерот, долгорочно и среднорочно треба да се избалансира економскиот раст со поголемо учество на приватниот сектор.
На денот на отворањето на новиот трговски центар Capitol Mall во Аеродром, Македонски Телеком отвора нова продавница. Новата продавница е една од трите во Македонија која нуди мултимедијално искуство за корисниците.
Вицепремиерот, во своето обраќање на ФИНЕКСПО 2013 потенцираше дека ќе се поддржат сите македонски фирми кои ќе се вклучат во реализацијата на проектите предвидени за следната година.
Целата процедура за доставување на финансиските понуди и потпишувањето на договорт треба да биде завршена до крајот на февруари 2014 година, а првиот воз кој ќе биде изработен по нарачка треба да пристигне во рок од 12 до 14 месеци од потпишувањето на договорот.
По повод Денот на пиратеријата, Координативното тело за интелектуална сопственост организира јавно уништување на одземените производи со кои се повредени правата од интелектуална сопственост.
Стопанската комора на Македонија денеска ќе организира презентација за продажба и маркетинг на меѓународните пазари, на која посебен акцент ќе се стави на пазарот во Германија.
Денеска на Скопски саем по 11-ти пат ќе се одржи конференцијата за деловни можности, финасии и економски развој - ФИНЕКСПО 2013.
Сојузот на стопански комори (ССК) и Дирекцијата за заштита на лични податоци, денеска ќе потпишат меморандум за соработка.
Почнувајќи од 1 јануари 2014 година, секој производ со изминат рок, каква било неправилност или грешка, ќе биде детектиран на каса при неговото купување и веднаш ќе биде повлечен.
Во скопската општина Аеродром утре ќе биде официјално отворен трговскиот центар Capitol mall and residence кој се простира на 33.500 метри квадратни
Треба да направиме се македонската економија да ја задржи стабилноста, добрите перформанси во иднина, доколку сакаме да остане како цврст столб на сите останати политики во Македонија, со што би се гарантирала и пошироко стабилноста на земјата.
За секој нов постпејд договор или обнова на постоечки договор на 24 месеци од Вип, корисниците на мобилниот оператор добиваат ваучер за уште една линија со 50% намалена претплата.