Новиот трговски и резиденцијален комплекс Capitol Mall & Residence официјално ќе биде отворен на 12-ти декември.
На вчерашната седма седница општина Василево со донесување на урбанистичкиот план за вон населено место, се заокружи законската постапка за отворање на втората стопанска зона во оваа општина.
Компанијата за здрава храна Виталиа, вчера во присуство на своите соработници, бизнисмени, љубители на здравиот живот и приврзаници на брендот го прослави својот 20-ти роденден.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во октомври 2013, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски за 1,4% на месечно ниво, односно за 2% на годишно ниво
Во просториите на НУБ Св. Климент Охридски во Скопје, утре и задутре, со почеток во 10 часот, по четврти пат ќе се одржи манифестацијата Стипендии ЕКСПО, во организација на Образовниот информативен центар од Скопје.
Со новата посебна Програма на Владата, за субвенционирање на вработувањето во приватниот сектор на лицата кои се невработени и активно бараат работа, ќе бидат вработени 150 корисници на социјална парична помош.
Во организација на Меѓународната финансиска корпорација (IFC), членка на Групацијата на Светска банка денес во Скопје ќе се одржи дискусија на тркалезна маса посветена на создавање нови работни места и поттикнување развој во автомобилскиот и агри секторот .
Земајќи ги предвид најновите макроекономски, финансиски и пазарни показатели, Комитетот за оперативна монетарна политика на НБРМ одлучи да ја задржи каматната стапка на рекордно ниски 3,25%.
На вчерашната седница на Владата на Република Македонија беше донесена одлука за објавување шест јавни повици за доделување на концесии за детални геолошки истражувања и експлоатација на минерални суровни на 53 локалитети во речиси сите општини.
СЈ Компани, со мало задоцнување ги исполнува правата од работниот однос на вработените во скопските ресторани на Мекдоналдс, кои неодамна беа затворени. Во денешното соопштение се потенцира дека компанијата ќе ги исполни сите преземени обврски кон вработените и покрај тоа што рестораните не работат шест месеци.
Во Атина на 17 декември за првпат ќе се одржи грчко-македонски економски-бизнис форум.
На годинешната јубилејна 15-та конференција во организација на Здружението на авторизирани производители на автомобилски компоненти ОЕSA 2013 Outlook Conference, што вчера се одржа во Детроит, САД, беа претставени инвестициските поволности во Република Македонија.
Бизнис конфедерацијата на Македонија и Организацијата на работодавачи денес ќе презентираат стратегиска рамка за подобра бизнис клима во Македонија
До крајот на годината се очекува три странски компании да ги објават своите намери за инвестирање во Македонија. Две од нив се од медицинската индустрија и една од секторот телекомуникации.
Операторот ОНЕ со голема роденденска забава, во клубот Експо, одбележа 11 години од постоењето на компанијата и четири години од влезот на Телеком Словеније на македонскиот пазар.
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во септември 2013 година изнесува 63.827, а бројот на ноќевањата 156.515.
Субјектите кои се занимаваат со рибарство и аквакултура ќе добијат вкупно 35 милиони денари или околу 600.000 евра субвенции. Јавниот повик е веќе објавен и ќе трае до 30 овој месец.
Вкупното производство на шумски производи во државните шуми во трето тримесечје од 2013 година, во однос на трето тримесечје од 2012 година, е намалено за 8%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Управата за јавни приходи денес ќе ја промовира информатичко - форензичката лабораторија, како значајна алатка за поефикасна превенција, откривање и санкционирање на даночните затајувања и измами.
На 15 ноември (петок) истекува рокот за отуѓување градежно земјиште сопственост на Република Македонија по пат на електронско јавно наддавање, кој беше распишан од Општина Штип за локации во Баби 5, Баби 6-2003, Дузлак.
Во рамки на средбата ќе бидат разгледани можностите за поголемо искористување на дипломатско-конзуларните претставништва во извозната, инвестициската и туристичката промоција на државата.
Стопанствениците побараа пониски камати и долгорочни кредити за капитални инвестиции. Тие излегоа со став дека е невозможно да се градат хали, погони и машински паркови со краткорочни заеми до пет или седум години.
Според податоците на Државниот завод за статистика, вредноста на вкупниот откуп и продажбата на земјоделски производи во септември 2013 година изнесува 1.327.366 илјади денари, што претставува зголемување за 63,6% во споредба со септември 2012 година.
Телекомуникацискиот оператор Близу го прославува својот втор роденден, па по тој повод подготви подароци за сите нови корисници во продажните салони низ Македонија, како и низа поволности за постојните корисници.