Регионална конференција на тема Борба против корупцијата се одржува денеска и утре во Скопје во организација на Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев.
Од нето добивката во износ од 54.081.736 денари, за дивиденда се одвојуваат 11.700.000 денари, за учество во добивката на вработените и менаџментот отпаѓаат 11.000.000 денари, додека како реинвестирана добивка остануваат 31.381.736 денари.
Тренинг конференцијата е наменета за топ и средниот менаџмент, особено од секторите маркетинг, производство и човечки ресурси.
Годинешното издание на Виз Ер Скопски Маратон ќе биде најмасовен од сите изданија до сега. До денеска се пријавени 5.600 учесници, од 42 земји ширум светот.
Во годината во која се одбележуваат 25 години од постоењето на компанијата, која е основач на Институтот за современи композити и роботика, излегуваат првите магистри во земјава од оваа област, подготвени да се носат со новите up - to - date предизвици во глобални рамки.
Суштината на пензискиот систем е да се грижи за законски одвоените финансиски средства на вработените и исплата на пензиите на лицата кои ги исполниле потребните услови за добивање на паричниот надомест.
На 18.04.2015 беше затворен првиот повик за финансирање проекти под инструментот кофинансирани грантови за старт - ап, спин - оф трговски друштва и иновации на Фондот за иновации и технолошки развој.
На дебатата ќе се дискутира за две теми: Претприемништвото и економскиот растеж: Како претприемачите можат да го зголемат националното богатсво? и Успешни претприемачки приказни: Како да се поттикне креативноста?
Во Европската парламентарна група заинтересирана за кредитни унии има членови на Европскиот парламент, кои ги поддржуваат кредитните унии во земјите на Европа.
Претставници на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) и Бизнис центарот на Скопски плански регион денеска ќе дебатираат на тема Енергетска ефикасност во градежништвото - Зелена градба.
На натпреварот можат да учествуваат сите развивачи кои имаат готови М2М решенија, односно, решенија за поврзани машини, кои вклучуваат хардвер, софтвер и поврзување, а се применливи за други компании како крајни корисници.
Спогодбата за присоединување и Анексот на истата ќе бидат предмет на конечна потврда од страна на Собранијата на двете Друштва, коишто треба да го одобрат присоединувањето на Т - Мобиле Македонија кон Македонски Телеком, со што ТММК ќе престане да постои.
Познатиот ланец на спортска опрема и облека, Sport Vision отвори нова продавница лоцирана во трговскиот центар Рамстор.
Тутунската индустрија годинава бележи намалувања по однос на сите параметри. Склучени се вкупно 34.445 договори за откуп или 19% помалку од лани, насадени се 14.030 хектари тутун или 30% помалку.
Француското Интернационално училиште во Скопје во вторник на 21 април во девет часот ќе ги отвори вратите и ќе ги пречека сите родители кои сакаат нивните деца да учат на француски јазик и се стекнат со квалитетно образование.
Новата 101 FOOT Клиника комплетно ќе третира проблеми и болести на нокти и кожа на стопала и дланки кај луѓето.
Новата цена на Еуросупер БС 95 ќе биде 69 денари за литар, додека Еуросупер БС 98 ќе чини 71 денар за литар. Еден литар Еуродизел (Д-Е V) ќе се продава за 54,50 денари.
Како благодарност за верноста, менаџментот на Дуки Дасо Сити Мол додели ВИП картички на најверните купувачи, со кои ќе продолжат да купуваат со попуст од 30%.
Стопанската комора на Македонија најавува зајакнување на бизнис соработката со Кина преку Деловниот совет во кој членуваат и стопанските комори на Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Чешка, Естонија, Унгарија, Латвија, Литванија, Црна Гора, Романија, Србија, Словачка и Словенија.
Тим 1 ќе работи на патики и велосипед кои генерираат електрична енергија за полнење батерии. Тим 8, пак ќе работат на вирални видеа и хумористични скечеви.
Средношколците кои се во завршна година покажаа голем интерес за вистинска професионална ориентација на третата Ротари Конференција што се одржа во саботата во Скопје.
На само еден ден пред македонската промоција на новиот Samsung Galaxy S6, Т - Мобиле им приреди несекојдневно изненадување на своите корисници. Во трговскиот центар Сити мол на 19 април, десет корисници добија на подарок Samsung Galaxy S6.
Прометот во индустријата во февруари оваа година, во однос на истиот период лани, бележи раст од 11,5%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Компанијата Дрекслмајер денеска додели пет стипендии на најдобрите студенти од електротехничките и машинските факултети кои аплицираа на конкурсот.