Виталиа Бонбониерата, The Finest dessert selection, содржи 16 уникатни и единствени житни коцки, со различни вкусови.
На доделувањето на наградите Скајтракс во рамки на 21-тиот Саем за аеродромски услуги - Passenger Terminal Expo, што се одржа во Париз, скопскиот аеродром е прогласен за деветтиот најдобар аеродром во источна Европа.
Со годишна продажба од две милијарди единечни пакувања безалкохолни пијалаци на 589 милиони потрошувачи во 28 држави, Coca - Cola HBC корпорацијата, каде припаѓа и Пивара Скопје АД, се зацврсти на второто место во светот меѓу производителите на пијалаци од портфолиото на Coca - Cola.
Комерцијална банка АД Скопје вчера вечер со свечена Академија прослави 60 години од своето постоење.
Акционерското друштво Тетекс од Тетово донесе одлука за распределба на добивката по завршната сметка за 2014 година, се наведува во информациите објавени на Македонска берза.
Од денеска до 29-ти овој месец, на скопски Саем ќе се одржи 41-то издание на Меѓународниот саем за мебел 2015 година.
Македонската компанија Макпримат слави 25 години успешно постоење. По тој повод, Макпримат на своите клиенти и пријатели, во продавницата во ГТЦ (приземје), утре ќе им приреди интересни изненадувања.
Без ризик е новиот производ од Винер Лајф осигурување и Шпаркасе Банка кој ги спојува потрошувачкиот кредит и животното осигурување во уникатна понуда на пазарот.
Македонско - руската стопанска комора одбележува 10-годишно делување во насока на економско поврзување меѓу Република Македонија и Руската Федерација.
Дизел горивото Еуродизел (Д-Е V) од ноќеска на полноќ добива нова цена пониска за два денари, додека цените на бензините остануваат непроменети, е најновата Одлука на Регулаторната комисија за енергетика.
Трговскиот центар Рамстор во соработка со Пакомак и Шпаркасе банка, по трет пат ќе го организира најголемиот еко маскенбал во земјата.
Организациите Аналитика, Еко-свест и Фронт 21/42 со поддршка на Британската Амбасада во Скопје, денеска ќе одржат конференција за енергетскиот модел 2050 Калкулатор.
Во Стопанската комора на Македoнија денеска се одржува Трговска конференција на тема Македонските и турските бизниси заедно на пазарот на Африка: предизвик или можност?
Работниците не се доволно информирани за стандардите за безбедност при работа, покажуваат резултатите од истражувањето што беше спроведено во рамки на проектот Граѓански организации како активни социјални актери во промоција на БЗР стандарди.
Прометот во индустријата во јануари оваа година, во однос на истиот период лани, бележи пораст од 5,5% додека во однос на декември 2014 година има намалување од 7%.
Комерцијална банка АД Скопје го слави својот 60-годишен јубилеј со слоганот Заедно создаваме вредности.
Објавен е јавен повик за доставување барања за користење средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2015 година, за набавка на опрема за систем капка по капка за пченка, сончоглед и фуражни култури и бунари за наводнувањe.
Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката
индустрија е повисок во февруари 2015.
Презентација на повеќе од 10.000 парчиња мебел, за прв пат поставени во 10 саемски хали, од 24 до 29 март 2015 година, ќе ги очекува граѓаните кои ќе имаат можност да го посетатат Скопски саем.
Македонија се претстави со нов дизајн на штандот и нови промотивни материјали кои имаа можност да ги видат повеќе од 50.000 посетители.
Во 2013 година, во рамките на структурните деловни статистики биле анализирани 54.305 деловни субјекти во кои биле вработени 339.346 лица, со остварен вкупен промет од 972.639.000.000 денари.
Промотивниот ОНЕ Promo Plus M постпејд пакет е единствен по своите карактеристики и во моментот е најконкурентен постпејд на пазарот.
На овој настан учесниците од целиот свет ќе имаат можност да соработуваат и заеднички да креираат решенија за поставените предизвици во областа поврзана со животот на Земјата и воопшто во вселената.
ЛЕАДЕР пристапот е форма на јавно-приватно партнерство базиран на оформување на Локални акциони групи (ЛАГ-ови), здруженија кои се состојат од претставници на јавниот, граѓанскиот и приватниот сектор.











