Македонија

Од 1 јули стапува на сила законската обврска за тримесечните ДДВ обврзници кои наместо во хартиена форма, ДДВ-пријавите и даночните биланси за данокот на добивка треба да ги поднесуваат по електронски пат до Управата за јавни приходи.
Според најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска на полноќ бензините ќе поскапат за еден денар, а цената на дизелот останува иста.
Од фармацевтската компанија Алкалоид денес соопштија дека по тригодишна процедура на анализи, процени и проверки од страна на експертски тимови е одобрен пласман на антибиотик од компанијата, на пазарите на водечките европски економии.
По повод 1 јуни, Меѓународниот ден на детето, традиционално трета година по ред најголемата софтверска компанија во земјата Seavus организираше настан под името Seavus Kids Day.
Турскиот институт Јунус Емре во соработка со Халкбанк Турција годинава започна со проект за зачувување на традиционалните турски ракотворби на Балканот. Идејата произлегува од настојувањата да се спречи исчезнувањето на постоечките традиционални занаети.
Почнувајќи од денес целокупната постапка за издавање одобренија за градба во сите општини во Македонија ќе се одвива електронски.
Битолска Млекара го одбележа Светскиот ден на млекото со хуманитарна акција и донираше 110 пакети производи за три дома за деца без родители, домот за доенчиња во Битола, домот за деца без родители 11-ти Октомври во Скопје и СОС детското село.
Според објавените финансиски резултати за првиот квартал од годината, телекомуникацискиот оператор ОНЕ бележи раст на приходите и намалување на нето загубата.
Министерот за еокономија Ваљон Сарачини денес, пред претставници на мисијата на Светска Банка, ги престави Реализацијата на проектот Луково Поле, статусот на изготвување на Извештајот за приоритетна енергетската инфраструктура..
Mлеката на Дукат во Македонија во јуни ќе се продаваат по пониски цени во рамки на акцијата по повод 1 јуни, Светскиот ден на млекото и добивањето награда за исклучителен вкус од страна на Меѓународниот Институт за вкус и квалитет од Брисел, соопштија денес од компанијата.
Раководителот на Одделението за општи правни работи по овластување Елизабета Јовчевска, на денешната прес-конференција најави дека општина Велес почнува со продажба на градежно земјиште-парцели по основ на неколку намени.
Европската банка за обнова и развој вчера соопшти дека усвоила нова стратегија за Македонија за периодот 2013-16 година.
Сите национални и регионални телевизии во Македонија кои добиле лиценца од Советот за радиодифузија и кои потпишале договор со ОНЕ и навреме ја обезбедиле потребната техничка опрема, на 1 јуни ќе бидат емитувани дигитално преку платформата на ОНЕ.
Според Државниот завод за статистика на територијата на Република Македонија во 2012 година биле евидентирани вкупно 126 радиодифузери, од кои 68 емитуваат радиопрограма, а 58 телевизиска програма.
На десеттото издание на Саемот, на заеднички павиљон се презентираат винариите Тиквеш, Стоби, Сковин, Далвина, Попов, Бовин, Камник, Дудин, Езимит, Имако и Попова Кула, соопшти Министерството за земјоделство.
Фармацевтската компанија Алкалоид АД Скопје продолжува со традицијата за регионално лидерство при имплементација на нови алатки и функционалности во тековното работење.
Американско списание Форбс ја објави листата на најбогатите луѓе на Балканот според вредноста на акциите кои ги поседуваат, на која се најдоа имињата на петмина бизнисмени од Македонија.
Во организација на амбасадата на Република Македонија во Шведска, Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот и Turkish Airlines, вчера во Охрид за првпат се одржаа бизнис средби на тур-оператори од Шведска и Македонија.
Главна цел на Регионален агробизнис форум што вчера се одржа во Скопје беше размена на искуствата и анализа на предизвиците во делот на земјоделството и агробизнисот со кои се соочуваат земјите од регионот пред и по нивното зачленување во Европската Унија.
Препаратот Фервекс за возрасни со шеќер, гранули за перорален раствор (во кесички), превентивно се повлекува од аптеките.
Измените и дополнувањата на Кривичниот законик кои беа усвоени на последната седница на Владата на Република Македонија се поквалитетна заштита на интересите на правните лица, на друштвата и претпријатијата, унапредување на правата на лицата во нив и на акционерите, а со цел поттикнување на акционерскиот активизам.
Државниот завод за статистика соопшти дека индустриското производство во април годинава во однос на истиот месец лани е зголемено за 4%.
Едукативниот и развоен центар на Seavus организира четиринеделна летна школа за дизајн и кодирање, под називот SEDC Summer Kingdom.
Бизнис делегација од Унгарија предводена од Атила Галамбош, претставник на стопанската комора на Унгарија, вчера се сретна со градоначалникот на општина Битола Владимир Талески, со кого договорија календар на активности за заедничка соработка.