Црвеното вино Барово од бербата 2011-та освои уште едно злато, а белите вина Ркацители Special Selection и Бела Вода од бербата 2012-та освоија сребрени медали.
Регулаторната комисија за енергетика соопшти дека цената на електричната енергија од први јули ќе биде пониска за 5,24%. Средната цена за киловат час електрична енергија треба да изнесува 4,483 денари.
Во организација на Здружението за електрични возила Електромобилност Македонија на Машинскиот факултет во Скопје, денес ќе се одржат првaта меѓународна конференција и саем Електрични возила - нови трендови за мобилност.
Семејството на PANTHEON Cloud за период од три месеци брои повеќе од 150 корисници. Компанијата ГЕНЕЛ ЛТД, овластен дистрибутер на CANON за македонскиот пазар, е 100-от корисник на PANTHEON Cloud. Ова е нивната успешна приказна!
Околу стотина претставници на туристички организации и тур-оператори од Холандија, предводени од главниот извршен директор на тур-операторот ТУИ Стефан Ван дер Хајден, утре ќе допатуваат во Охрид.
Една од основите за производство на квалитетно млеко е избалансирана храна и хигиена на фармите.
Според податоците на Државниот завод за статистика, бруто - домашната потрошувачка на електрична енергија во месец март годинава изнесувала 798.785 МWh, што во споредба со истиот месец лани е намалена за 0,28%.
Остануваат уште 4.244 фирми кои во следните пет дена треба да се прилагодат за електронско пријавување на ДДВ и данок на добивка преку системот е-Даноци, соопшти Управата за јавни приходи.
Вип операторот ја збогатува својата летна припејд понуда со ново специјално изненадување наменето пред се за корисниците кои летово ќе ја посетат Македонија.
Бизнис конфедерацијата на Македонија пред јапонски експерти во Хирошима ги презентираше својата работа, мисијата и идните планови за поголем економски раст и подобрување на социо-економската состоба во земјата.
Добро познатите брендови на Прилепска пиварница – Пепси, Миринда Портокал, Миринда Лимон, 7 Ап и Газоза добија нова модерна сталена амбалажа.
Трите клучни фактори неопходни за подобрување на постбербените активности во македонското земјоделство поголемо образование, помош од науката и поддршка од државата, велат израелските експерти.
Извршниот директор на Македонскиот совет за Надворешна трговија Азија-Пацифик, Владимир Кофчегарски, во Банког се сретна со потпретседателот на Стопанската комора на Тајланд, Чатчаи Бонјарат.
Закажаната аукција на државни хартии од вредност која требаше да се одржи денес е откажана, известуваат од Министерството за финансии.
Оваа алатка на менаџерите им помага да ја анализираат нивната работа и позицијата на компанија на пазарот, да го надгледуваат напредокот и соодветно да го планираат нивниот раст.
Акциите на вупно 26 компании денес ќе бидат котирани на Македонскиот пазар на хартии од вредност.
Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) соопшти дека сите три мобилни оператори кои работат во Македонија доставија понуди за добивање одобрение за воведување нови услуги од четвртата генерација на мобилни комуникациски услуги.
Раководителите на деловните субјекти ја оценуваат економската состојба во изминатиот месец како поповолна во однос на месец април, а како понеповолна во однос на мај 2012 година.
Според министерот за економија Ваљон Сарачини, таксата од 100 евра за камионите од Македонија при влез во Косово ќе се укине до среда.
НЛБ Тутунска банка во соработка со Адора Инженеринг воведе нов станбен кредит со досега историски најниска, единствена каматна стапка од само 2,5% фиксна за првите три години од отплатата на кредитот.
Споредено со лани, бројот на туристи од Косово во Македонија годинава се зголемил за околу 50%, но се уште доминираат индивидуалните аранжмани.
Hult International Business School, во партнерство со EAC (Образовно информативниот центар) во Скопје нуди можност за стипендии на студентите кои ќе се пријават за Hult’s international Master програмите за студирање, најдоцна до 15 јули 2013 година.
Во следните три месеци децата од Македонија бесплатно да летаат до популарната дестинација Дубаи, благодарение на Авиопревозникот Flydubai .
Спотот симболично наречен “10 метри одвоени - Ден на заедничка молитва”, на македонската агенција Њу момент од Скопје е добитник на Канскиот лав (Cannes Lions) во категоријата Титаниум - интегрирана кампања.