Во рамките на самитот директорот на агенцијата оствари средби со претседателот и потпретседателот на Малезиската стопанска комора, каде беше договорено делегација на малезиски стопанственици годинава да ја посетат Македонија со цел запознавање на условите за инвестирање и соработка со македонските компании.
На саемот за вино ProWein во Дизелдорф, Германија ќе учествуваат и девет винарии од Македонија.
Во првиот квартал од 2013 година, млекарата Здравје Радово оствари раст на откупот на сурово млеко за 30% во однос на истиот период минатата година.
Министерството за финансии денеска исплати вкупно 144,4 милиони денари субвенции на 10.681 земјоделец за поддршка на сточарството, лозарството, производство на градинарски култури, на житни култури и производство на тутун и премии за помош за осигурување.
По повод светскиот ден посветен на лицата со Даунов синдром, компанијата Тинекс во рамките на платформата Тинекс, ти и јас реши да донира финансиски средства на Здружението за помош и поддршка на лица со Даунов синдром – Трисомија 21 од Скопје.
Градежниот институт Македонија АД Скопје доби дозвола од Комисијата за хартии од вредност да ги откупи сите акции на Фабриката Карпош АД Скопје.
Во Прилеп во населбата Точила вчера беше поставен камен-темелник на нова зграда со 76 социјални станови.
Свесни за придобивките и значењето на првата кооператива за млеко Милкооп, повеќе од 15-тина фарми производители на млеко, од неколку реони низ Македонија и официјално се приклучија кон овој систем, станувајќи воедно и партнери и основачи на оваа кооператива за млеко.
Скопска пивара започна со производство на Coca-Cola Zero, со што Македонија им се придружува на повеќе од 100-те земји ширум светот каде овој пијалок е достапен.
Градоначалникот на Битола, Владимир Талески и заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски вчера посетија нова инвестиција вредна околу еден милион евра во Битола.
Агенцијата за електронски комуникации испрати апел до сите корисници на при-пејд броеви да ги регистрираат своите броеви, заради лична безбедност и за безбедноста на сите граѓани на Македонија.
На овогодинашниот Меѓународниот саем за мебел, кој ќе се одржи наредната недела на Скопски саем, ќе учествуваат 160 директни изложувачи од земјава и странство, а се очекува и зголемен број посетители.
Виното на винарската визба Тиквеш, Chardonnay Limited Edition, од бербата 2012, се закити со сребрен медал на светскиот натпревар Chardonnay du Monde 2013, каде се натпреваруваат најдобрите вина од светот од сортата шардоне.
Oд Министерството за транспорт и врски информираат дека огласот за изработка на физибилити-студија за развој на гасоводните мрежи низ Македонија е поништен бидејќи и двете понуди не ги задоволиле критериумите.
Макпрогрес доо од Виница во месец јануари оваа година забележа пораст на извозот за 32% во однос на 2012, а 63% во однос на 2011 година.
Првата индустриска зона Прилеп 1 вчера беше официјално пуштена во употреба преку поставувањето камен - темелник за изградба на печатница.
Престижното списение Global Finance, на Комерцијална банка АД Скопје и ја додели наградата за Најдобра банка во Македонија во 2013 година.
Телекомуникацискиот оператор Blizoo, од овој месец ќе нуди голем попуст за сите пакети со три услуги (дигитална телевизија, интернет и фиксна телефонија), достапни за онлајн нарачка.
Во организација на Стопанската комора на Унгарија и Амбасадата на Република Македонија, вчера во Унгарија беше одржан Бизнис форум за презентирање на можностите за инвестирање и поширока економска соработка помеѓу Унгарија и Македонија.
Здружението на приватните медиуми на Република Македонија стравува дека дигитализацијата ќе биде голем трошок и можен крај за работата на многу телевизиските станици, кои нема да имаат доволно пари за опстанок на пазарот.
Министерството за финансии вчера исплати 1.413.488.426 денари субвенции за произведен и продаден тутун од реколтата 2012 на 22.313 земјоделци.
Производите на македонско-руската компанија Продис веќе се наоѓаат на македонскиот пазар.
Главниот извршен директор на Стопанска банка АД-Скопје, Глигор Бишев преминува во Шпаркасе банка Македонија АД Скопје, каде ќе биде назначен за нов главен извршен директор и претседател на Управен одбор на банката.
Едномесечниот инстаграм фото конкурс, насловен како ONE Zimogram беше затворен вчера во Кафе Ли со изложба на најдобрите инстаграм фотографии и прогласување на победниците.