Следејќи ги светските трендови и реалните распродажби, Рамстор Мол организирајќи ја акцијата Гараж сејл во целост ги задоволи потребите на пазарот за купување на вистински попуст акции.
Во периодот јануари - јули 2014 година на аеродромите во Скопје и Охрид е забележано зголемување на бројот на превезени патници, споредено со истиот период во 2013 година.
Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и топло со умерена облачност. Дневните температури ќе се движат од 27 до 36 степени.
На магистралниот пат А2 од влезот до излезот на Кичево сe завршени асфалтерските работи и сообраќајот е целосно нормализиран.
На електронско јавно наддавање Општина Струмица продаде 15 парцели или вкупно 98.555 метри квадратни во индустриската зона за вкупно 62,3 милиони денари или над еден милион евра.
Специјалното издание на Буба кабриолет може да се нарача со сите можни варијанти на мотори именувачи.
Еднократното отпишување ќе се однесува на долговите за искористена топлинска енергија заклучно со 31 декември минатата година кои не се наплатени подолго од 12 месеци, а за кои е почната постапка за наплата.
Целта на проектот Отворени социјални денови е Министерството непосредно да допре до што е можно повеќе оддалечени и тешко пристапни населени места ширум нашата држава.
Инспирирани од цените кои ќе бидат намалени и до 80%, Скопје Сити Мол ги кани сите љубители на шопингот да ја искористат Last Minute распродажбата која ќе се реализира од 20 до 25 август.
Недоставувањето геодетски елаборати, но и нерешените имотно-правни односи се клучните причини кои го забавуваат процесот на легализација.
Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала локална облачност. Во поголемиот дел од земјата температурата благо ќе опадне.
Во склоп на реконструкција на улицата Александар Урдаревски од 18.08.2014 до 22.08.2014 и од 25.08.2014 до 29.08.2014 ќе се изведуваат инженерско-геотехнички работи на делницата од с. Горно Оризари до клучката Бразда-Мирковци.
Претстојниот Пиволенд ќе понуди пет дена забава со преку 50 видови пиво, добра храна и одлична музика. Фестивалот почнува утре во 18.00 часот на скопско Кале, а ќе трае до недела.
До 15 септември лицата кои живеат во станови доделени од државата врз основ на ниски приходи ќе мора да се произнесат дали ќе го продолжат договорот за закуп на становите или ќе ги откупат според новите поволности кои треба да ги донесе Владата на Република Македонија.
Ројал Васе, компанија која врши продажба на станови во кои самите инвестираат и ги градат, воведе снимање од хеликоптер за секоја фаза од градењето.
Програмата на Школата опфаќа предавања и обуки во сферите на лидерството и менаџментот од страна на еминентни предавачи и гости од врвни образовни и професионални институции, менаџмент-симулации и практични вежби.
Дополнителна предност е што за да се започне да се штеди не е потребно голем влог, како што е случај со ороченото штедење во речиси сите банки кај нас.
Според податоците на Државниот завод за статистика во првите шест месеци од годинава градежните компании договориле работа во странство во износ од 6.046.991 илјади денари, што е за 27,7% повеќе од овој период лани.
Раководителите на деловните субјекти оцениле дека нивната финансиска состојба во второто тримесечје од 2014 година е поповолна во однос на првото тримесечје од 2014 година, како и очекувањата за економската состојба во наредниот период.
Дневните температури ќе се движат од 24 до 34 степени. Во Скопје и околината слично време со температура до 31 степен.
Патен правец Кичево – Охрид во близина на Ботун поради изведување на градежни работи на пат, сообраќајот се одвива наизменично регулиран со семафори за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
За корисниците што ќе купат онлајн, T-Mobile обезбеди повеќе модели на атрактивни смартфони со ексклузивен онлајн попуст од 10%.
Eден од приоритетите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе биде зачувување на охридската пастрмка што е бренд за Македонија.
Најранливите категории граѓани од денес ќе можат да ги достават своите барања за отпис на долговите до најблискиот центар за социјална работа.











