Вработените во „Алкалоид“ АД Скопје минатиот викенд ја покажаа својата хуманост на пикникот кој беше организиран од страна на компанијата на кој се собираа средства за Детската клиника во Скопје
Директорот на Агенцијата за електронски комуникации Роберт Орданоски е избран за потпретседател на Телото на европските регулатори на Европската комисија (БЕРЕК). Од вкупно девет гласа од земјите кои се дел од БЕРЕК, како набљудувачи, директорот на АЕК освои пет гласа.
Од почетокот на годинава до крајот на јули во земјава влегле вкупно 99,2 милиони евра странски инвестиции, што е за десетина милиони евра повеќе од регистрираните инвестиции во истиот период минатата година, кога тие изнесувале 98,1 милион евра.
Од 1 октомври, сите T-Mobile корисници ќе бидат префрлени на нови MSC Blade Cluster сервери, што значи дека капацитетот на мрежата за разговори и СМС ќе се зголеми до 4 пати. Проектот започна во јули годинава и за рекордно време од 2 месеци целата база на T-Mobile корисници од старите беше префрлена на новите сервери.
Министерството за транспорт соопшти дека преку продажба на градежно државно земјиште во изминатите пет години се овозможени инвестици во износ од 1.037.523.120 евра
Клиничката болница Аџибадем Систина во соработка со компанијата Интраплант од Австрија, денеска ќе одржи стручен состанок на кој ќе бидат презентирани најновите достигнувања, како и најсовремените техники и методи од областа на ортопедијата и трауматологијата.
Стопанска банка АД – Скопје заедно со Ротари клубот – Скопје, организираат настан кој има за цел обновување на училишното окружување на Посебното основно училиштето за деца попречени во психичкиот развој Иднина.
Најуспешни туристички настани за 2012 година се Галичка свадба, Звуците на чаршијата и Пивофест. Минатата година во однос на 2010 година бројот на туристите е зголемен за 10,5%, а ноќевањата за 7,6%.
На улицата Македонија во Скопје, посетителите ќе можат да најдат мед, матичен млеч, полен и прополис, да дегустираа пчелини прозиводи, како и да се запознаат со органското пчеларење преку директен контакт со пчеларите.
Новиот кредит на Прокредит банка е наменет за примарното органско производство, за преработка на органски производи или за откуп и трговија со органски производи. Производителите можат да искористат до 15 милиони денари заем, со камата од 7% и рок на отплата до 10 години.
Инвестицискиот самит во Охрид ќе биде одлична можност за презентација на овие позитивни искуства на странските инвеститори и воопшто, на можностите за создавање профит во Македонија пред претставниците на македонската дијаспора.
Повторно е регистриран пад на индустриското производство и тоа за цели 8,1% во август годинава во однос на истиот месец минатата година. Тоа значи дека македонската индустрија тоне веќе цела година, односно регистрира минуси во текот на 12 месеци.
Професионалниот тим кардиолози и кардиохирузи со долгогодишно искуство нуди брзо дијагностицирање и најсовремен третман при нарушувања на срцевиот ритам.
По повод Светскиот ден на срцето 29-ти септември, Кардио-центарот при клиничката болница Аџибадем Систина организира бесплатни консултации за пациенти со нарушувања на срцевиот ритам.
Најсовремена фабрика за производство на висококвалитетна заштитна облека, со површина од 2.500 метри квадратни, ќе биде изградена во општина Илинден на плац од 7.239 метри квадратни.
Градежната компанија Гранит АД Скопје потпиша нов договор со Агенцијата за државни патишта за изградба на магистралниот пат М-6 Штип - Струмица.
Сите студенти на редовни и вонредни студии кои сакаат да отворат фирма во Централниот регистар преку електронски пат, наместо досегашните 1.190 денари ќе треба да платат надомест од само 250 денари.
Нова производствена линија за фармацевтски производи пушти во употреба фармацевтската компанија Бионика Фармацеутикалс.
Со НЛБ денот во НЛБ Тутунска банка започна месецот на штедење. НЛБ денот беше означен преку организација на централен настан во Дирекцијата на Банката и преку промотивни активности во сите експозитури на Банката.
Хрватскиот национален превозник Кроација ерлајнс викендов на сите патници од Скопје им нуди можност за купување повратен билет за голем број европски дестинации со цена од 139 евра.
Во Хотелот Александар Палас во Скопје, со почеток во 19 часот ќе се одржи свечена церемонија за доделување на сертификати, а воедно и презентација на остварените резултати од едногодишното успешно работење на УСАИД Проектот за Микро и Мали претпријатија, имплементиран од ЦЕЕД Македонија.
По повод одбележување на Светскиот ден на школското млеко - 26 септември- среда, компанијата БиМилк ќе организира дружење со деца од повеќе основни училишта. Овој светски ден кој традиционално се одбележува од 2000 година во голем број земји во светот, преставува одлична прилика за искажување на важностa од консумацијата на млеко во секојдневната исхрана на децата на училишна возраст.
Турската Халк банка е во мнозинска државна сопственост и има своја банка-ќерка во земјава. Таа во април минатата година ја презеде целосно скопската ИК банка, со зголемување на уделот во банката до нивото од 91,6%.
Семејствата кои ќе сакаат да заштедат електрична енергија, да ги намалат трошоците во домашниот буџет и да допринесат за зачувување на животната средина од идната недела ќе можат да ги искористат новите зелени кредити на Алфа банка.