Новости

Бизнисмени од Турција се заинтересирани за откуп на кочански ориз, сметајќи дека сортите се квалитетни и дека одговараат на барањата на турскиот пазар.
Во јули, веднаш по влегувањето на Хрватска во Европската унија, од земјата си заминале 36 лекари, најмногу во Германија, Велика Британија и скандинавските земји.
Директорот на АД за стопанисување и изградба со станбен и деловен простор Цветко Грозданов, изјави дека акционерското друштво за стопанисување и изградба на станбен и деловен простор во државна стопственост, продава поевтини станови во споредба со приватните фирми затоа што настапува со најниска маржа,
Волво, кој е сопственик на Рено Камиони (Renault Trucks), објави дека го прекинува договорот за производство во Турција и дека новата палета на Рено камиони ќе се произведува во Франција.
Профитот на третиот по големина произведувач на пиво во светот изнесува 639 милиони евра, за разлика од минатата година, кога во првите шест месеци беше забележан профит од 766 милиони евра.
Стопанска банка АД - Скопје продолжува да расте и да остварува позитивни резултати во 2013 година благодарение на соработката и довербата од своите клиенти правни и физички лица.
Јавното претпријатие за околу 70.000 евра спроведе набавка на патна опрема и за телекомуникациски услуги, додека Агенцијата за патишта постави мониторинг систем преку кој во живо се следи наплатата на патната такса.
Шведскиот произведувач на облека H&M, поради зголемувањето на трошоците на производство во Азија, најави отворање на фабрика во Етиопија.
Рокот за осмиот јавен повик за користење средства од ИПАРД Програмата што требаше да заврши денеска е пролонгиран до 30 септември.
За да го зголеми патничкиот промет и да ја подобри поврзаноста на Дубровник во текот на целата година, Аеродром Дубровник нуди бесплатно слетување и полетување на авионите во текот на зимскиот ред на летање за сите меѓународни летови.
Тутунскиот комбинат Прилеп склучил договор со Филип Морис, меѓународниот производител на цигари, со седиште во Женева, кој се јавил како единствен понудувач на јавниот повик за стратешко партнерство распишан од комбинатот.
Претставници на десетина медиумски куќи од Русија деновиве престојуваат во Македонија, со цел да се запознаат со производствениот процес на компанијата Продис, кој се одвива во строго контролирани услови за производство на органски и еколошки чист производен асортиман.
Хрватската прехранбена индустрија Виндија во петок ќе отвори нов погон за производство на месни преработки во Пландиште, Србија, во кој се инвестирани 2,6 милиони долари.
Членката на групацијата на Светска банка, ИФЦ, и додели на Охридска банка кредитна линија од 10 милиони долари во рамките на Глобалната програма за финансирање на трговското работење (GTFP).
Македонски Телеком објави дека во првото полугодие има намалена добивка за 39,5% споредено со истиот период лани и изнесува 17,3 милиони евра. Приходите на компанијата исто така бележат пад од 9,2%.
Властите на Европската унија забранија увоз на скуша и харинга од Фарските острови и објавија дека ќе забранат пристигнување на фарски бордови во европските пристаништа.
Како што дознава Јутарњи лист, интерес покажале авиокомпаниите Garuda Indonesia и China Southern Airlines. Како трет потенцијален купувач се споменува Etihad од Обединетите Арапски Емирати, кој неодамна купи 49% од српски ЈАТ.
Во пресрет на новата учебна година, неколку здруженија организираат хуманитарна акција за собирање училишен прибор, храна и облека.
Првиот потпретседател на српската Влада, Александар Вучиќ изјави дека во Србија ќе стигнат бројни странски компании, меѓу кои се германски Mercedes и една јапонска фирма.
Раковец бара поништување на одлуката на надзорникот за неговото разрешување, поништување на уписот на промената за претседател на управата во судскиот регистар и исплата на оштета во износ од 516.000 евра.
Според раководителот на Туристичкото биро, Перо Митаноски во моментов повеќе од 10.000 туристи летуваат покрај Дојранското езеро.
Kон средината на септември ќе биде отворена веб-страница со детални информации за најмалку 400 неискористени хали и објекти во Македонија, кои наскоро ќе бидат ставени во функција и ќе им бидат на располагање на потенцијалните инвеститори.
ТТК Банка ја намали каматната стапка на ненаменскиот потрошувачки кредит за пензионери, приматели на пензија во Банката на 9,5% годишно, со рок до седум години.
Љубљанскиот аеродром наскоро оди на продажба. Неофицијално се дознава дека за купување на овој аеродром заинтересирани се венецискиот, франкфуртскиот, варшавскиот и виенскиот аеродром, како и кинеската компанија South China Airlines.