Новости

Оваа алатка на менаџерите им помага да ја анализираат нивната работа и позицијата на компанија на пазарот, да го надгледуваат напредокот и соодветно да го планираат нивниот раст.
Акциите на вупно 26 компании денес ќе бидат котирани на Македонскиот пазар на хартии од вредност.
Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) соопшти дека сите три мобилни оператори кои работат во Македонија доставија понуди за добивање одобрение за воведување нови услуги од четвртата генерација на мобилни комуникациски услуги.
Шпанија е седма земја од Европската унија која објави ограничување за хрватските работници по Германија, Холандија, Австрија, Велика Британија, Словенија и Белгија.
Раководителите на деловните субјекти ја оценуваат економската состојба во изминатиот месец како поповолна во однос на месец април, а како понеповолна во однос на мај 2012 година.
Според министерот за економија Ваљон Сарачини, таксата од 100 евра за камионите од Македонија при влез во Косово ќе се укине до среда.
НЛБ Тутунска банка во соработка со Адора Инженеринг воведе нов станбен кредит со досега историски најниска, единствена каматна стапка од само 2,5% фиксна за првите три години од отплатата на кредитот.
Споредено со лани, бројот на туристи од Косово во Македонија годинава се зголемил за околу 50%, но се уште доминираат индивидуалните аранжмани.
Овие сивански куќи станаа дел од еколошки ориентираниот хотел Adrere Amellal, кој не нуди WiFi, телефон, електрична енергија, туку небо со ѕвезди и прекрасни пејсажи.
Hult International Business School, во партнерство со EAC (Образовно информативниот центар) во Скопје нуди можност за стипендии на студентите кои ќе се пријават за Hult’s international Master програмите за студирање, најдоцна до 15 јули 2013 година.
Министрите за здравство во Европската унија се согласија да се забранат цигарите со вкус на ментол како дел од стратегијата за намалување на бројот на пушачи кај помладата популација.
Во следните три месеци децата од Македонија бесплатно да летаат до популарната дестинација Дубаи, благодарение на Авиопревозникот Flydubai .
Спотот симболично наречен “10 метри одвоени - Ден на заедничка молитва”, на македонската агенција Њу момент од Скопје е добитник на Канскиот лав (Cannes Lions) во категоријата Титаниум - интегрирана кампања.
Наместо четврток и петок, според објавениот кралски декрет, викенд во Саудиска Арабија ќе биде петок и сабота.
Македонската претставничка на Обединетата македонска дијаспора (ОМД) за Монтреал Александра Настеска, активист за зачувување на животната средина, е еден од добитниците на наградата топ 25 имигранти во Канада за 2013 година.
Фиат автомобили Србија (ФАС), Нафтена индустрија Србија (НИС) и Тигар од Пирот се најголеми српски извозници, објави министерството за финансии и економија.
Владата денес ќе објави конкурс за обезбедување поволни кредити наменети за микро и мали претпријатија, со цел отворање нови работни места преку Агенцијата за вработување.
Доколку добиете порака на Facebook во која пишува Hey (вашето име) your Facebook account has been closed или Hi (вашето име) your Facebook account is blocked, немојте да ја отварате затоа што се работи за вирус.
Сегашната тактика на Google се бихевиористичките интервјуа со кандидатите, каде ќе добиваат прашања од типот на тоа како реагирале во одредени ситуации. Хипотетичките прашања ќе бидат исклучени.
Станува збор за Телеком Словенија, Адриа ервејс, Елан, Аеродром Љубљана, Нова кредитна банка Марибор, Аеро, Фотона, Хелиос, Адриа ервејс техника, Цинкарна Цеље, Љубљански саем, Палома, Олимиа базени, Униор и Жито.
Компанијата Нестле го премести производството на мајонезот од Полска во фабриката во Сурчин, а вредноста на оваа инвестиција е 1,3 милиони евра.
Федерација на фармерите на Република Македонија во партнерство со Horti-Match од Холандија објави оглас за учество на обука за стекнување на стручно образование за управување на земјоделски задруги која ќе се одржи во Холандија.
Управата на хрватската прехранбена компанија Подравка донесе одлука да излезе од бизнисот со пијалоци, пекарски и замрзнати производи.
Гувернерот на Народната банка на Република Македонија вчера им ги одзеде дозволите за основање и работење на Штедилница Баваг ДОО Скопје и на Штедилница Младинец ДОО Скопје.